Принципот на целосна хармонизација во европското договорно право

Tusevska, Borka (2018) Принципот на целосна хармонизација во европското договорно право. Fifth international scientific conference "Social change in the global world", 1 (1). pp. 113-135. ISSN 978-608-244-548-9

[img]
Preview
Text
Borka Konf V.pdf

Download (2133Kb) | Preview

Abstract

Предмет на проучување во овој труд претставува принципот на „целосна хармонизација“(full harmonization) во европското договорно право. Главната идеја на оваа истражување, е да се анализираат предностите и слабостите од имплементацијата на принципот на „целосна хармонизација“, versus принципот на „минимална хармонизација“, и истите да се доведат во врска со функционирањето на заедничкиот европски пазар, степенот на ефикасност на заштита на предвидените права, конкурентноста помеѓу трговците, и влијанието врз обемот и динамиката на прекуграничните трансакции. Преку проучување на оваа прашање, идејата е да се согледа и влијанието на овој принцип врз националните законодавства на земјите-членки, влијанието врз интерпретацијата на европското право од страна на националните судови, и конечно, да се согледа неговиот вистински капацитет во создавањето на хармонизирано европско договорно право. Структурата на трудот е конципирана согласно предметот, целта и очекуваните резултати од истражувањето. Фокусот е на директивите во областа на европското потрошувачко право, како сфера во која доминира имплементацијата на принципот на „целосна хармонизација“. Во интерес на сеопфатна анализа на поставениот предмет на истражувањето, во трудот ќе се анализираат референти пресуди на Судот на Правдата на Европската Унија (понатаму:СПЕУ). Клучни зборови: хармонизација, договор, потрошувач, директиви,супсидијаритет, пропорционалност.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 13 Dec 2018 11:36
Last Modified: 13 Dec 2018 11:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20973

Actions (login required)

View Item View Item