Tailing dams in Republic of Macedonia Хидројаловиштата во Република Македонија

Tanchev, Ljubomir and Vitanov, Vasil and Petkovski, Ljupcho and Golomeov, Blagoj and Donevska, Katerina, eds. (2012) Tailing dams in Republic of Macedonia Хидројаловиштата во Република Македонија. Здружение Македонски комитети за големи брани. ISBN 978-608-65373-1-9

[img] Text
Konferencija_Hidrojalovistata vo RM_Zbornik na trudovi.pdf

Download (37Mb)

Abstract

Здружението Македонскиот комитет за големи брани (ЗМКГБ) постои и работи уште од 1950 година како друштво во рамките на тогашниот Југословенски комитет за големи брани. По осамостојувањето на Р. Македонија, во 1994 година се зачленува во Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD), и настојува, според финансиските можности, редовно да учествува во неговите активности. Во изминатиов период од 18 години 9 најважни активности поврзани со ICOLD беа: Учество на наши делегати на конгресите во Дурбан (1994 г.), Фиренца (1997), Пекинг (2000), Монтреал (2003), Барцелона (2006) и Бразилија (2009), како и учество на годишните конференции во Дрезден (2001), Игуасу (2002), Сеул (2004), Техеран (2005), Санк Петербург (2007) и Луцерн (2011). Членови на ЗМКГБ учествувале и на конференции и симпозиуми на организации со коишто ICOLD соработува. Значајна активност на МКГБ е и учеството во работата на поткомитетите, односно стручните комисии на ICOLD. Досега имавме претставници во следниве поткомитети: за статичка анализа на браните, за сигурност на браните, за оскултација на браните и за сеизмика. ЗМКГБ спроведува и своја програма, која се однесува на сите аспекти кај браните, придружните објекти и јаловиштата. Од активностите во последниве 12-13 години би ги издвоиле: ▪ Трибина за користење на хидроенергетскиот потенцијал на Црна Река(Битола, 1999 г.). ▪ Симпозиум за проектирањето и почетокот на градбата на браната „Козјак“(Скопје, 1999). ▪ Прв конгрес за брани (Охрид, 2004). ▪ Симпозиум за проектирањето и градбата на браната „Козјак“ (Скопје,2005). ▪ Годишно собрание со пригодно предавање (Битола, 2006). ▪ Стручна екскурзија на група учесници на меѓународната конференција HYDRO2008 (Ljubljana), кои во пост-конференциската стручна екскурзија ги посетија најголемите брани и хидроцентрали во Македонија (2008). ▪ Втор конгрес за брани (Струга, 2009). ▪ Презентација и посета на браната „Кнежево“ (тогаш во градба, наша прва каменонасипна брана со асфалтна дијафрагма), јули 2009; настанот предизвика забележителен интерес и привлече повеќе посетители, меѓу кои и од Бразил, Грција и Бугарија. ▪ Работилница на тема: „Современи методи и материјали за градба на брани“, со реферати од автори од Швајцарија, Грција и Македонија, со околу 90 учесници – членови на ЗМКГБ – но и гости од Грција, Албанија, Австрија, Србија и Бугарија (Скопје, септември 2009). ▪ Годишно собрание со пригодно предавање (Скопје, декември 2010). ▪ Симпозиум на тема: „Брани – современи искуства од истражувањето, проектирањето, градбата и експлоатацијата“, во заедничка организација на Македонскиот и Словенечкиот комитет за големи брани; Учествуваа околу 70 членови на ЗМКГБ и 10 на SLOCOLD, а имавме и еден учесник од Шведска; беше посетена и браната „Света Петка“, тогаш во завршна фаза на изградба (Скопје, ноември 2011). ▪ Годишно собрание со пригодно предавање на гостин од Швајцарија(Скопје, декември 2011). За повеќето од наведените манифестации организирани од ЗМКГБ издадени се зборници на трудови или други пригодни публикации, на македонски или англиски јазик. Инаку, на нашите манифестации по правило учествуваат меѓу 50 и 100 членови на ЗМКГБ, со гости од национални комитети на други државПи, со кои имаме соработка. Конференцијата „Хидројаловиштата во Република Македонија“ неколку години фигурираше во нашите годишни планови. Конечно, оваа година се створија услови за нејзина реализација, благодарение на финансиската поддршка од ЕЛЕМ (во склоп на неговата програма за општествена одговорност), но и благодарение на силната поддршка во организационен поглед на рудниците „Бучим“, „Саса“, „Злетово“ и „Тораница“ и на Факултетот за технички и применети науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и од помошта на други фирми и организации, наши традиционални поддржувачи. Хидројаловиштата имаат многу сличности со класичните брани, но содржат и бројни специфичности што ги прават посебни објекти, особено интерeсни. Тука би ги спомнал, пред се, начинот на градење, односно формирање потребата за надградување, влијанието брз животната средина и потребата од рекултивирање по завршувањето на експлоатацијата. На теми за хидројаловиштата се објавуваа реферати и на нашите конгреси, одржани во 2004 и 2009 година, но рестартирањето и интензивирањето на работата на четирите споменати рудници во последниве 5-6 години, наметнаа потреба од организирање на тематска конференција, која, очекуваме да стане традиционална, односно да се повторува во одреден временски период. Пристигнатите 10-тина реферати сметаме дека се доволни за почеток, а забележителни ефекти очекуваме да произлезат и од дискусиите, запознавањата и контактите на професионалците од рударската и градежната фела. Во тој поглед, секако од голема корист ќе биде и стручната посета на хидројаловиштата во склоп на рудниците Бучим и Злетово, планирана за вториот ден од конференцијата. Во оваа пригода, им изразувам длабока благодарност на авторите на трудовите и на сите кои на било кој начин ја помогнаа и овозможија нашава конференција.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Afrodita Zendelska
Date Deposited: 28 Nov 2012 14:01
Last Modified: 28 Nov 2012 14:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2097

Actions (login required)

View Item View Item