Креирање на супериорни вредности на компанијата преку развиен маркетинг концепт

Dimotrova, Nadica (2018) Креирање на супериорни вредности на компанијата преку развиен маркетинг концепт. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Nadica MAGISTERSKA.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Во пирамидата на успехот на едно претпријатие, активностите на креирање и имплементирање на маркетинг стратегијата е најважната одлука која ја донесува менаџментот. Создавањето вредност и единственост во бизнисот претставува огромна и реална конкурентна предност на пазарот. Секоја компанија се стреми кон креирање супериорна вредност на пазарот. Во современото деловно опкружување компаниите работат во многу брзи, комплексни и непредвидливи средини во услови на голема конкуренција. За да опстанат во таква средина, тие мораат да креираат вредност за своите производи преку развиен маркетинг концепт за да можат да ги задоволат барањата на потрошувачите, како и да обезбедат конкурентска предност и зголемен профит. Една од целите на претпријатието е да имплементира маркетинг стратегија која ќе ги оствари финалните маркетинг цели на кои се целат маркетинг менаџерите. Со инкорпорирање на сите маркетинг активности во една стратегиска структура, се создаваат можности да се дојде до саканата пропорција на бизнисот. Успехот на бизнисот зависи од привлечноста на дејноста во која конкурира и нејзината позиција во рамки на соодветната дејност. Клучни зборови: стратегија, концепт, маркетинг, вредност, бренд, имиџ, тренд, интернет, еволуција, компанија, потрошувачи, успех.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Dec 2018 11:12
Last Modified: 07 Dec 2018 11:12
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20939

Actions (login required)

View Item View Item