Улога на кинезитерапијата при рехабилитација на пациенти со кардиоваскуларни заболувања

Karajigit, Deniz (2018) Улога на кинезитерапијата при рехабилитација на пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
ДЕНИЗ КАРАЈИГИТ - СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД.pdf

Download (1113Kb) | Preview

Abstract

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност кај луѓето. Во најголем број случаи КВБ не се дијагностицирани навреме и нивните први манифестации се јавуваат во вид на ургентни акутни коронарни состојби т.е. инфаркт на миокардот. При рехабилитација на овие пациенти е потребно добро познавање на карактерот на болеста и ризикот од компликации кои го загрозуваат нивниот живот. Цел на рехабилитацијата е постигнување на целосна функционална способност и самостојност и враќање кон секојдневните животни и работни активности. Програмата за рехабилитација преминува во три фази: I. Акутна фаза – започнува додека пациентот е во постела, со времетраење 3-4 седмици. II. Фаза на рековалесценција – започнува кога пациентот завршил со постелниот режим и е со продолжителност од 4-12 седмици. III. Пост-рековалесцентна фаза (фаза на одржување) – со неопределено времетраење, затоа што треба да продолжи преку целиот живот на пациентот. Кинезитерапијата кај пациентите со миокарден инфаркт влијае психотерапевтски и го мобилизира болниот за активно учество во процесот на рехабилитација, ги намалува последиците од лежењето и делува профилактично на болестите кои се јавуваат како последица на неактивност, ја олеснува работата на срцето, ја подобрува трофиката на срцевиот мускул и регулацијата на срцевиот тонус и ги подобрува взаемните односи и функции помеѓу кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Императив за успешна рехабилитација претставува доброто менаџирање на болеста, рано започнување со правилна рехабилитација, градење на доверба во односот лекар-физиотерапевт-пациент.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Dec 2018 11:07
Last Modified: 07 Dec 2018 11:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20937

Actions (login required)

View Item View Item