Бугарска книжевност XIX век

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2018) Бугарска книжевност XIX век. In: Бугарска книжевност XIX век. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-244-512-0

[img]
Preview
Text
UCBNIK-BUGARSKA KNIZEVNOST (1).pdf

Download (3838Kb) | Preview

Abstract

Универзитетскиот учебник насловен како Бугарска книжевност XIX век е наменет за студентите што го слушаат изборниот предмет Бугарска книжевност во осмиот семестар на Катедрата за македонски јазик и литература, наставна насока, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учебникот брои вкупно 205 страници, А4 формат и содржи вкупно 15 поглавја. Работен e според акредитиранатапредметната програма по предметот Бугарска книжевност, кој, периодизациски го изучува бугарскиот литературен 19-ти век (што опфаќа и неколку последни децении од 18 – от век) и делумно првата половина од 20от. Тоа поточно значи дека во овој учебник (и во овој предмет) се изучува т.н. Нова и современа бугарска книжевност, заклучно со долговечната бугарска поетеса Елисавета Багарјана. Поточно, периодизациски, учебникот почнува со периодот на т.н. бугарско предпросветителство, а завршува со најзначајните претставници на бугарскиот симболизам. Наставните соджини во учебникот се предвидени за изучување во еден семестар, во вкупно дванаесет седмици, така што последните бугарски автори застепени овде, претставниците на бугарскиот симболизам, се изучуваат во преглед, во период од две седмици. Користена е главно литература од електронски извори, што воопшто не е за потценување, затоа што во современата бугарска литературна и научна мисла, речиси сиот материјал, а особено оној што му припаѓа на 19 – от век е комплетно и изворно дигитализиран

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 07 Dec 2018 10:22
Last Modified: 07 Dec 2018 10:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20923

Actions (login required)

View Item View Item