Анализа на работењето и на ревизорските мислења, врз основа на сетот на финансиски извештаи на котираните ентитети

Trajkova, Simona (2018) Анализа на работењето и на ревизорските мислења, врз основа на сетот на финансиски извештаи на котираните ентитети. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
magisterski trud - Simona Trajkova Lektura-converted.pdf

Download (3092Kb) | Preview

Abstract

Финансиските извештаи се главниот производ кој произлегува од процесот на финансиско известување и во кои се содржани сите важни податоци за работењето на деловниот субјект. Карактеристично е да се напомене и тоа дека овие финансиски извештаи потребно е да поседуваат прецизни и јасни информации за минати економски настани се со цел да се донесат правилни деловни одлуки од страна на корисниците на тие извештаи. Ревизија се врши од страна на ревизори, кои врз основа на добиена лиценца за овластен ревизор вршат преглед и оценка на информациите кои се однесуваат на одреден ентитет, користејќи специфични техники и процеси, со цел да се добијат докази, наречени ревизорски докази и врз основа на извршената анализа на работењето на ентитетот ревизорите изразуваат мислење за вистинитоста и точноста на информациите презентирани во финансиските извештаи. Извештајот за финансиската состојба, извештајот за финансиска успешност (добивката или загубата), извештајот што ги покажува промените во капиталот, извештајот за паричните текови и сметководствените политики и објаснувачките белешки, го сочинуваат сетот на финансиски извештаи преку чиишто податоци може да се оцени финансиската состојба и (не)успешноста на работењето на определен деловен субјект. Клучни термини: ревизија на финансиките извештаи, корисници на финансики извештаи, разумно уверување, веродостојност, метод на примерок.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 29 Nov 2018 14:03
Last Modified: 29 Nov 2018 14:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20888

Actions (login required)

View Item View Item