Примената на методот на примерок во ревизијата како алатка за економична, ефективна и ефикасна ревизија

Kocevska, Frosina (2018) Примената на методот на примерок во ревизијата како алатка за економична, ефективна и ефикасна ревизија. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
magisterski trud Frosina Kocevska пдф.pdf

Download (2369Kb) | Preview

Abstract

Во услови на слободното движење на стоки, капитал, работна сила и информации, светот станува место кое нуди неограничени можности за раст и развој на светската економија. Во глобални рамки, капиталот се сели во потрага по сè поевтини ресурси и работна сила, со цел максимизирање на профитот. Физичките и правни лица се соочуваат со изборот каде да ги вложат своите парични средства. „Најдобар предуслов за донесување одлука каде да се вложат паричните средства е имањето информации и увид во релевантни и кредибилитетни податоци за субјектот во кој сакаме да ги вложиме парите, но уште подобро е доколку тие информации и податоци се потврдени од луѓе кои се високостручни, професионални, објективни и независни – ревизори”. Поради големината на субјектите и обемноста на трансакциите не е можно да се изврши стопостотна ревизија на сите ставки и трансакции. Една од алатките која наоѓа голема примена во процесот на ревизија е методот на примерок. Овој метод им заштедува време, труд, пари и ресурси на ревизорите при истражувањето и притоа истовремено им овозможува да изградат високо стручно, квалитетно и веродостојно мислење за информациите приложени во финансиските извештаи. Примената на овој метод со своите поволности придонесува за остварување на економична, ефикасна и ефективна ревизија. Клучни зборови: ревизија, информации, финансиски извештаи, ревизорски извештај, метод на примерок, ревизорски тестови, веродостојност, ревизорски докази, ревизорско мислење

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 29 Nov 2018 14:02
Last Modified: 29 Nov 2018 14:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20887

Actions (login required)

View Item View Item