Употреба на вештачки коски и мембрани при третман на вилични коскени дефекти

Rogoleva, Sonja and Toneva, Verica and Toneva - Nikolova, Aleksandra and Kocovski, Darko and Atanasova, Sandra and Velkova, Ana (2018) Употреба на вештачки коски и мембрани при третман на вилични коскени дефекти. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers. ISSN 1857-92

[img]
Preview
Text
sonja knowlage.pdf

Download (1180Kb) | Preview

Abstract

Резиме: Главна цел на овој труд е да се прикаже можнста за третман и надополнување на виличните коскени дефекти со помош на биоматеријали како што се вештачките коски и мембрани, како и успешноста од нивната употреба. Според нашето мислење како и на повеќе автори ширум светот е дека употребата на вештачката коска е најдобро да биде комбинирана со автографт , но во сите случаи кога тоа не е изводливо, сепак вештачката коска треба да биде заштитена со колагена мембрана фиксирана над коскениот графт. Вештачката коска наоѓа широка примена за регенерација на виличните коскени дефекти , пред се поради можноста истите да се надополнат или да стимулираат природна коскена регенерација. Механизмот на интегрирање на ваквите биоматеријал е врз основа на самата остеоинтеграција, остеоиндукција и остеокондукција. Сосема познато е дека постојат различни видови на вештачки коски кои пред се можат да бидат од природно потекло или да станува збор за синтетски материјали. Додека мембраните генерално се поделени на нересорптивни и ресорптивни. Со тоа всушност се прави еден поинаков, современ пристап кон третманот на коскени дефекти од различно потекло коешто се прави со употреба на автогени, алогени или ксеногени графтови, а сега и со употреба на алопластични или синтетски материјали. Како автоген графт најчесто употребувана е спонгиозната коска од карлицата (crista iliaca), од ребро или од потколеницата (tibia). Алогениот графт е од деминерализирана човечка коска, со намален степен на антигеност постигнат со процес на суво смрзнување. Синтетските материјали или алопластични во најголем дел се состојат од хидроксиапатит или калциум трифосфат. Гранулите на коскениот супституент се атхерираат меѓусебно, со што формираат пластична но порозна маса. Материјалот се стврднува во стабилен скелет во контакт со крвта. Многу истражувања за примената на калциум сулфатот за репарација на коскениот дефект довеле до заклучок дека калциум сулфатот е извонреден коскен супституент кој осигурува коскена формација и дава резултати еднакви или подобри од употребата на било кои други коскени графтови. Од друга страна пак употребата на автогена коска во комбинација со ксенографт, била користена за да се забрза коскената регенерација и да се добијат добри мекоткивни контури. Процесот на заздравување е поврзан со ресорпција и ремоделација на коскениот графт. Степенот на ресорпција зависи од повеќе фактори меѓу кои се големината на графтот, неговиот квалитет и методот на прицврстување на графтот за примателот. Од клиничките испитувања може да се заклучи дека колку е помал волуменот на графтот, толку е помала стапката на ресорпција на истиот. Клучни зборови: вештачка коска, графт, мембрана, регенерација, остеоинтеграција

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 28 Nov 2018 11:26
Last Modified: 28 Nov 2018 11:26
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20885

Actions (login required)

View Item View Item