Перинатален исход во контекст на социјалните детерминанти на здравјето

Zisovska, Elizabeta (2018) Перинатален исход во контекст на социјалните детерминанти на здравјето. Архиви на јавното здравје, 10 (2). pp. 71-81. ISSN 1857-7148

[img]
Preview
Text
Zisovska-perinatal outcome.pdf

Download (276Kb) | Preview
Official URL: https://www.id-press.eu/aph/issue/view/163

Abstract

Важноста на познавањето на степенот на влијание на социјалните детерминанти е од огромна важност за репродуктивната епидемиологија. Тие често претставуваат важни причини за здрав-ствените нееднаквости во самите држави и помеѓу државите. Затоа, целта на ова истражување беше да се евалуираат 4 социјални детерминанти (степен на образование, вработеност, паритет и број на антенатални контроли) и нивното влијание врз два несакани перинатални исхода – недоносено новороденче (35-37 гестациска недела) и новороденче со мала родилна тежина во однос на гестациската старост (Small gor gestational age-SGA новороденче). Истражувањето е дел од поголема студија, и по дизајн беше проспективна кохортна студија. Користен е валидизи-ран прашалник и податоци, добиени од документацијата на мајката и детето. Од статистичките методи беше користено пресметување на релативен ризик, и потребен број третирани пациенти за обезбедување на еден добар исход. Резултатите покажаа силно влијание на степенот на об-разование на мајката врз двата неповолни исходи. Релативниот ризик за раѓање на недоносено дете во 35-37 гестациска недела доколку мајката има некомплетно образование изнесува 14,963 (95%CI 4,54-49,27) споредено со мајка со високо образование, а релативниот ризик за раѓање на SGA новороденче изнесува 3,204 (95%CI 2,12-4,84); кај невработена мајка ризикот за недоносе-но дете е 4,585 пати поголем отколку кај мајка со високо образование (95%CI 2,27-9,28), додека за SGA новороденче релативниот ризик изнесува 4,799 (95%CI 3,17-7,26). Отсутната антенатална контрола го зголемува релативниот ризик за недоносено дете на 1,293 (95%CI 0,67-2,47), а за SGA новороденчиња на 1,041 (95%CI 0,84-1,29) споредено со деца, родени од редовно контролирана бременост. Врз основа на резултатите, очигледно е дека разбирањето на социјалните детер-минанти на здравствените приоритети е првиот и најважен чекор кон нивно постепено реду-цирање, што претставува влезна точка за акција за да се постигнат здравствените цели. Затоа, се препорачува ваквиот тип истражувања да се спроведе мултицентрично, на голем примерок, земајќи предвид повеќе детерминанти, исходи и обработка со мултиваријантна анализа, за по-добра статистичка значајност и креирање стратегии и активности за редукција на највлијател-ните социјални детерминанти и подобрување на перинаталниот исход на новородените деца.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 19 Nov 2018 11:39
Last Modified: 19 Nov 2018 11:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20830

Actions (login required)

View Item View Item