Истражување на употребата на енергетски пијалоци кај студентите во Република Македонија

Feflakova, Ruzica and Aleksandrov, Mihail and Arsova-Sarafinovska, Zorica (2018) Истражување на употребата на енергетски пијалоци кај студентите во Република Македонија. In: First Congress of Students on General Medicine; UGD; Stip, 9-10 May 2018, Stip, Republic of Macedonia.

[img]
Preview
Text
Poster_Kongres_SKOM_RF_MA_ZAS_2018.pdf

Download (2174Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Kniga so apstrakti_finalna verzija_SKOM.pdf

Download (2418Kb) | Preview

Abstract

Според дефиницијата на Агенцијата за лекови и храна (Food and Drug Administration – FDA) под терминот енергетски пијалоци се подразбираат продукти во течна форма кои најчесто содржат кофеин, со или без други додатни компоненти [1]. Енергетските пијалоци, главно содржат метилксантини (вкулучувајки го кофеинот), Б витамини, таурин, глукуронолактон, и разни други супстанци како гварана, гинко и други хербални компоненти [2]. Денес на пазарот низ светот постојат илјадници различни брендови на енергетски пијалоци, а повеќе од половина од годишната потрошувачка на енергетски пијалоци отпаѓа на брендовите како Red Bull, Monster, Rockstar и Full Throttle. За да ја истражиме потрошувачката на енергетските пијалоци меѓу студентите од факултетите во Република Македонија, спроведовме анкета во која беа анкетирани 341 студент од факултетите во Република Македонија преку електронски анкетен прашалник. Анкетниот прашалник беше составен од: демографски карактеристики на испитаниците, информации за консумацијата на енергетски пијалоци, информираноста за потенцијалните сакани и несакани ефекти, информации за навиките околу консумацијата на енергетските пијалоци, истовремената консумација на енергетски и алкохолни пијалоци и ризиците кои произлегуваат од оваа комбинација. Според резултатите добиени од спроведената анкета најголемиот број од студентите започнале со консумација на енегетски пијалоци во периодот на нивната 16-20 година (72,1%), а по нив следуваат оние кои започнале со консумација на енергетски пијалоци на возраст од 21-25 години (18,2%) и студентите кои започнале со консумација на енегретски пијалоци на возраст од 11-15 години (7%). Најчест симптом што испитаниците го почувствувале по консумацијата на енергетски пијалоци е забрзаниот пулс (42,8% од испитаниците), меѓутоа дури 40,5% не почувствувале никакви симптоми. Несоница се јавила кај 19,1% од испитаниците, додека вознемиреност била почувствувана кај 14,1% од испитаниците. Резултатите од спроведената анкета за консумацијата на енергетските пијалоци меѓу студентите од факултетите во Република Македонија покажаа дека во борбата за подобра оценка и поголем интелектуален успех студентите се почесто посегнуваат по енергетските пијалоци, без да размислат за последиците и несаканите ефекти. Клучни зборови: анкетен прашалник, енергетски пијалок, забрзан пулс, зголемена будност, зголемена енергија, кофеин, таурин.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zorica Arsova Sarafinovska
Date Deposited: 14 Nov 2018 12:33
Last Modified: 14 Nov 2018 12:33
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20809

Actions (login required)

View Item View Item