Утврдувањето на ревизорскиот ризик основа за утврдување на материјалноста и обезбедување на ревизорски доказ

Nikolovska, Aleksandra (2018) Утврдувањето на ревизорскиот ризик основа за утврдување на материјалноста и обезбедување на ревизорски доказ. Masters thesis, Goce Delcev Universtiy Stip.

[img]
Preview
Text
MAGISTERSKI TRUD ALEKSANDRA NIKOLOVSKA.pdf

Download (1523Kb) | Preview

Abstract

Целта на ревизијата на финансиските извештаи е да ги увери корисниците дека истите се составени објективно и точно. Финансиските извештаи се изготвуваат од страна на компанијата, а задачата на ревизорот е да изрази мислење во врска со нивната објективнотст. За да го направи ова, ревизорот мора да спроведе бројни постапки, тестови на салдата и трансакциите во финансиските извештаи и да собере достатен и соодветен ревизорски доказ. Мислењето кое го дава ревизорот е во форма на извештај и истиот мора да биде објавен заедно со финансиските извештаи на компанијата. Главен ризик со кој се соочува ревизорот при ревизијата на финансиските извештаи, е дека финансиските извештаи содржат грешки кои нема да бидат откриени од интерните контроли кои се воспоставени од компанијата, потоа ревизорот преку спроведените ревизорски постапки, исто така нема да ги открие и дека ќе изрази несоодветно мислење за истите. Овој ризик е познат како ревизорски ризик. Со цел сведување на ревизорскиот ризик на минимум ревизорот обезбедува ревизорски докази кои ќе му служат да го поткрепи своето мислење во врска со финансиските извештаи. Концептот на ревизорски доказ е еден од трите фундаментални концепти на ревизијата. Материјалноста се однесува на важноста и значењето на ставките и трансакциите кои се прикажани во финансиските извештаи. Концептот на материјалност е вториот фундаментален концепт на ревизијата. Третиот фундаментален концепт е концептот на ревизорски ризик. За да се спроведе ефикасна и ефективна ревизија на финансиските извештаи потребно е да се разберат и имплементираат овие три фундаментални концепти. Тие се меѓусебно поврзани и е неопходно е нивно соодветно комбинирање со цел да се спроведе квалитетна ревизија.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Nov 2018 09:03
Last Modified: 12 Nov 2018 09:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20780

Actions (login required)

View Item View Item