Влијание на социјално економскиот статус на родителите на денталното здравје и КЕП индексот кај децата

Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona (2018) Влијание на социјално економскиот статус на родителите на денталното здравје и КЕП индексот кај децата. Стручна научна конференција Социјални детерминанти и здравјето на населението, 2 (1).

[img]
Preview
Text
Социјални детерминанти.pdf

Download (467Kb) | Preview

Abstract

Опшествено-економската нееднаквост е сложена мерка која ги вклучува економскиот статус,( личен доход), опшествениот статус (образование) и работниот статус (запослување) како најтрадиционален пристап за нееднаквоста на здравјето и мислењето за економската состојба на поединецот.(32) Лошото здравје не е резервирано само за оние кои се на дното на социјалната скала, бидејќи социјалниот степен на заболувања и смртност ги зафаќа сите членови на опшеството со што колку е поединецот подолу на опшествената скала толку неговото здравје е полошо. Кариесот и пародонтопатијата се докажани на остатоците на праисторискиот човек. Врз основа на бројните цртежи и пишани документи, може да се заклучи дека истите и тогаш создавале мнгубројни проблеми, маки и болки кај луѓето, поради што човекот уште тогаш се обидувал да ги реши истите секако во рамките на своите познавања, можности и степенот на научно технолошкиот развиток (5). Кариесот претставува едно од најчестите заболувања не само кај децата туку и кај сите останати старосни групи. Резултатите во последните години од многуте епидемиолошки испитувања во детската популација покажуваат дека епидемијата на кариесот е стопирана во земјите на Западна Европа и САД

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 12 Nov 2018 08:39
Last Modified: 12 Nov 2018 08:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20776

Actions (login required)

View Item View Item