Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници-практикум за студенти по медицински науки и здравство

Kjosevska, Elena and Velic Stefanovska, Vesna and Najcevska, Mirjana and Spasovski, Mome and Georgievska-Ismail, Ljubica and Dimova, Cena and Mircevska, Lence and Rajcanovska, Domnika (2018) Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници-практикум за студенти по медицински науки и здравство. ISBN 978-608-218-272-8.

[img]
Preview
Text
kompetencii_Praktikum.pdf - Published Version

Download (297Kb) | Preview

Abstract

Практикумот „Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници“ е наменет за студентите по медицински науки и здравство на универзитетите во Р. Македонија. Тој има цел на идни- те здравствени професионалци да им помогне во стекнување знаења и вештини за употреба во прак- тиката на принципите на концептот на човековите права поврзани со остварувањето на правото на здравје, принципите на недискриминација и еднаквост, на почитување на разликите и културолошка сензитивност, употреба на методите на нарација и практикување етика при остварувањето на профе- сијата и на медицинските истражувања. Очекуваме разработените примери од секојдневјето при добивањето на здравствената заштита на ранливите групи посочени во практикумот да придонесат за културолошки и структурни компетенции на здравствените работници, како и за навремено препознавање и надминување на дискриминација- та, нееднаквоста и пречките за остварување на правото на здравје на секој човек. Искажуваме неизмерна благодарност до сите невладини организации (Хелсиншкиот комитет за чове- кови права на РМ, ХЕРА, ХОПС, Коалицијата Сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници Скопје, Амбрела итн.) што дадоа придонес со приказот на случаи од реалноста и овозможија содржините да бидат подостапни за корисниците на овој практикум.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 05 Nov 2018 13:06
Last Modified: 05 Nov 2018 13:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20755

Actions (login required)

View Item View Item