Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници

Kjosevska, Elena and Velikj - Stefanovska, Vesna and Najcevska, Mirjana and Spasovski, Mome and Georgevska - Ismail, Ljubica and Dimova, Cena and Polozani, Azis and Mircevska, Lence and Rajcanovska, Domnika (2018) Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници. Фондација Отворено општество - Македонија, Skopje. ISBN 978-608-218-271-1

[img]
Preview
Text
Kulturoloski i strukturni kompetencii_Kniga.pdf - Published Version

Download (1002Kb) | Preview
Official URL: http://soros.org.mk

Abstract

Чекорејќи во новиот милениум, светот сè појасно почнува да се сеќава на зборовите на еден од основачите на биомедицинската наука, која го претставува срцето на модерната медицина, Вилијам Ослер, кој рекол: „Станува многу поважен видот на пациентот што го има заболувањето отколку видот на заболувањето што го има пациентот“. Концептот за човековите права и основни слободи претставува основна вредносна рамка на демократијата на нејзиното современо ниво на развој. Правата се универзални и не постои ниту една област од човековото живеење што не е маркирана и вредносно детерминирана од концептот за човековите права и основни слободи и не постои ниту еден човек што не е носител на основните права и слободи. Човековите права ја претставуваат ултимативната вредносна рамка на голем број професии, помеѓу кои и здравствената (здравствената заштита и работата на здравствените работници). Практикувањето на човековите права и основни слободи во контекстот на здравствената заштита не се исцрпува со „правото на секого да ужива највисок можен стандард на физичко и ментално здравје“. Здравјето, во најширока смисла, е повеќекратно поврзано со концептот на човековите права. Здравјето опфаќа: право на здравје, право на здравствена заштита, право на пристап до најсовремените методи на лекување и право на заштита од злоупотреба на медицината во насока на повреда на правата на човекот. Улогата на здравствените работници во заштитата на човековите права и специфичната положба на здравствениот работник, која може да биде злоупотребена во насока на повреда на овие права, бараат и посебен пристап во обуката на здравствените работници за суштината на концептот на човековите права и единствена перспектива што треба да ја практикуваат во целокупната своја работа. Свеста за стандардите на човековите права, основните принципи на концептот и посебниот вредносен корпус содржан во концептот овозможува здравствените работници да развијат посебни компетенции што го подигнуваат нивото на нивната професионалност и на здравствената заштита. Образованието на здравствените работници базирано на концептот на човековите права „може да ги поддржи здрав- ствените работници во нивната професионална практика со подобрување на нивните релации со пациентите, со давање насока во ситуациите каде што нивните одлуки и процени на ситуацијата имаат влијание врз човековите права и со пома- гање на здравствените работници да го препознаат повредувањето на човековите права, кое мора да биде документира- но и исправено“ Човековите права се инкорпорирани во секојдневното работење на здравствените работници, кои во својата дневна практика постојано се соочуваат со ситуации и предизвици поврзани со човековите права, иако не ги препознаваат секогаш. Оваа книга има за цел да им помогне на студентите по медицински науки и здравство, и на здравствените работници да усвојат вредности што се базираат на концептот на човековите права, и да се здобијат со соодветни знаења, вештини и однесување што се базира на највисоки етички принципи. Дополнително книгата има за цел препознавање на културолошката компонента во дејствувањето на здравствените работници, примената на нови пристапи кон пациентите и препознавање на правото на здравје во целокупната негова комплексност и зависност од другите права. Во книгата се разработени принципите на концептот на човековите права во контекстот на здравствената заштита, наративната медицина, етичките аспекти на медицински истражувања врз луѓе и кај ранливо население, културолошките и структурните компетенции на здравствените работници, нивната одговорност за еднаков третман на пациентите и почитување на принципот на еднаквост, заштитата на здравјето на ранливите групи и на здравјето на Ромите како специфична ранлива група, како и јавното здравство и здравствениот систем во унапредувањето на културолошките и структурните компетенции на здравствените професионалци. Книгата е наменета за студентите по медицински науки и здравство, здравствените работници и сите што на кој било начин учествуваат во процесот на заштита и промоција на здравјето на човекот.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 05 Nov 2018 11:33
Last Modified: 05 Nov 2018 11:33
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20744

Actions (login required)

View Item View Item