Ембелин – моќен природен антиоксидант и транспортер на калциумови јони

Janeva, Milkica and Petkovska, Sofija and Ristova, Angela and Maksimova, Viktorija and Gulaboski, Rubin (2018) Ембелин – моќен природен антиоксидант и транспортер на калциумови јони. In: Прв конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2018, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Kniga so apstrakti_finalna verzija_SKOM.pdf

Download (2418Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
1-Poster-Embelin-2018 (2) popraven 11.pdf

Download (808Kb) | Preview

Abstract

Во текот на последните неколку децении постои голем интерес за природните хидрокси деривати на коензим Q како соединенија што се потенцијални антиоксиданти и транспортери на метални јони. Својствата на овие класи на соединенија во однос на нивната физиолошка активност се опишани во неколку трудови на Gulaboski и соработниците[1-4]. Ембелин (го има во Embelia ribes) е природен 2,5-дихидрокси бензокинонски дериват што содржи и долг ланец на алкил-субституент во неговата структура. Тешко е растворлив во вода, но добро се раствора во смеса од вода и алкохол. Ембелинот е природен хербален продукт што поседува потенцијал за уништување на слободните радикали како хидроксидните и супероксидните радикали. Во овој труд покажани се антиоксидативните својства на ембелин со помош на електрохемиски техники. Покрај тоа, во експерименти изведени со т.н. „три-фазна електрода„, покажано е дека ембелин има потенцијал да транспортира калциумови јони преку биомиметски мембрани. Овие својства го прават ембелин потенцијален антиоксидант и транспортер на метални јони, што е посебно важно за голем број на целуларни функции.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 05 Nov 2018 11:21
Last Modified: 05 Nov 2018 11:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20737

Actions (login required)

View Item View Item