Патолошки состојби за време на бременоста и влијанието на физичката активност врз трудницата и фетусот

Gjurovska, Danica (2018) Патолошки состојби за време на бременоста и влијанието на физичката активност врз трудницата и фетусот. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Specijalisticki_trud_FINALNO.pdf

Download (2995Kb) | Preview

Abstract

Бременоста како најпосакувана состојба кога жената носи плод, несомнено отвора поле за поголема анализа во физиотерапевтската рехабилитација. Имено, во текот на бременоста се присутни многубројни соматски, психички и мускулно-коскени промени. Приспособувањата на мускулно-коскениот систем за време на бременоста доведуваат до многубројни промени врз држењето на телото на трудницата, односно нејзината постура (анг., posture). Исто така, зголемувањето на матката е ограничено од предната страна со абдоминалната мускулатура, а од задната страна со ’рбетот. Некои од промените доведуваат до нарушување на рамнотежата, скратување или прекумерно истегање на мускулите исо тоа, појава на болка. Вежбањето за време на бременоста може да превенира појава на болни синдроми во оваа регија. За изработка на програмата за вежби кај трудницата, физиотерапевтот треба да ги земе предвид нејзините телесни промени (кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, мускулно-коскениот систем, гастроинтестиналниот, урогениталниот и терморегулациските промени) и влијанието на промените на телесниот состав на трудницата врз фетусот т.е. феталниот одговор на вежбањето во текот на бременоста (промени во отчукувањата на срцето, варијабилноста на акцелерација и децелерација (забрзување и забавување), промени на феталната активност и движењето, промени во концентрацијата и размената на кислородот и јаглеродниот диоксид, терморегулациските промени и промените во утероплацентарниот проток). Клучни зборови: бременост, трудница, фетус, физичка активност, тримесечје.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 02 Nov 2018 11:15
Last Modified: 02 Nov 2018 11:15
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20708

Actions (login required)

View Item View Item