Сметководствени информациони системи - практикум

Koleva, Blagica (2018) Сметководствени информациони системи - практикум. ISBN 978-608-244-552-6.

Full text not available from this repository.

Abstract

Учебното помагало Сметководствени информациони системи - Практикум претставува дополнување на скриптата со истоимениот наслов – Сметководствени информациони системи. Практикумот е наменет за студентите кои го слушаат предметот сметководствени информациони системи, на насоките Сметководство финансии и ревизија; Финансиски менаџмент; Финансии, Бизинис економија. Во него се опфатени практични примери кои ќе им помогнат на студентите, а исто така и на останатите заинтересирани лица кои се директно инволвирани во работата како во производствениот така и во услужниот сектор. Со помош на овој практикум ќе им се овозможи сметководствена програма која ќе ги содржи сите информации кои им се потребни и во секое време ќе им дава увид во работењето и резултатите од истото, како и увид на евиденција на секојдневните тековни работи и извештаи за истите. Преку проучување на различните едноставни и сложени практични примери, содржани во овој практикум, студентите треба да се оспособат да одговорат на прашањата: што, кога, како и зошто се случило во работењето на компаниите во минатото, прикажано преку евидентираните сметководствени трансакции, односно целокупното работење на компаниите која со својата модуларна организација овозможува навремена информираност и еднаквост во работењето.
Ракописот „Сметководствени информациони системи“ ни овозможи имплементација на модерни облици на сметководство, со оглед на фактот дека сметководствениот систем, особено во ерата на информациите, на бројните корисници на финансиските извештаи и донесители на деловните одлуки им нуди широк спектар на релевантни информации. Во струтурата на овој практикум е опфатена сметководствена програма концепирана по принцип на модули кои претставуваат логички целини и во зависност од тоа што сакаме да го сработиме, го одбираме соодветниот модул. Во днешниов свет на конкурентски пазар и побарувачка на висок квалитет, неопходно е да има сеопфатно решение за корисниците на сметководствените информации. Денешните професионални сметководители со адекватно и долгогодишно искуство се соочуваат со поголеми барања но со помалку време и помалку ресурси. Многу е важно да се постават на свое место сигурни решенија за да дадат ефикасност и перформанси – не само во финансискиот сектор туку и во целата компанија. Со сметководствениот модул - сметководствен софтвер вие и вашите колеги можете да одржувате ефикасна финансиска контрола и да сте сигурни дека клучните бизнис одлуки се базирани на сигурни и ажурирани информации. Ефикасноста и ефективноста на овој практикум секојдневно ги задоволува потребите на студентите во делот на сметководствениот информациски систем, и на претпријатија од повеќе области како што се: претпријатија кои се занимаваат со продажба на големо (магацини, складишта) и мало (продавници, супермаркети), книговодствени бироа, услужни претпријатија. Претставува централизирано решение кое овозможува правилно искористување на бизнис предностите и контрола и управување со сите ресурси и документации во компанијата, помага во деловните одлуки и обезбедува квалитет под постоечките стандарди, преку прилагодување на потребите и барањата на корисниците и оптимизација на бизнисот во секоја компанија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 02 Nov 2018 11:12
Last Modified: 02 Nov 2018 11:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20706

Actions (login required)

View Item View Item