Предности во оралната средина од конзумација на Витамин C

Toneva, Verica and Naskova, Sanja and Atanasova, Sandra and Toneva, Aleksandra (2018) Предности во оралната средина од конзумација на Витамин C. In: Knowledge - International Journal Vrnjacka Banja.

[img]
Preview
Text
Vrnjacka skrateno.pdf

Download (422Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
vrnjacka banja poster verce.pdf

Download (504Kb) | Preview

Abstract

Резиме: Витамин Ц, кој е уште познат и како аскорбинска киселина, е важен нутритиент во човековото тело, ткива и течности. Аскорбинската киселина е витамин, кој е растворлив во вода (хидросолубилен) и има важна улога во исхраната. Тој е потребен за улогата како ко-фактор за некои ензими и е ко-фактор во апсорпцијата на калциум. Исто така е важен за метаболизамот на некои лекови и детоксификација на токсични супстанции надвор од телото. Овој витамин помага во борењето со инфекции и е важен за правилна функција на имуниот систем. Исто така е важен во одржувањето на крвен притисок во нормални граници. Во оралната средина, витамин Ц е важен за синтеза на интерцелуларната супстанција, сврзното ткиво и колагените влакна. Врската меѓу суплементацијата на витамин Ц и денталните и оралните болести се многу комплицирани и докрај нерасјаснети. Колагените влакна се основни супстанции во периодонталното ткиво и гигивата, па така, тој е клучен фактор во зараснувањето на рани, воопшто низ целото тело, но и во оралната средина. Неговата улога е да го одржува интегритетот на коската, сврзното ткиво, забите и гингивата. Витамин Ц превенира орални патолошки состојби поради неговата функција со електроните. Тој дејствува за да ги намали инфламаторните симптоми на гигивата. Храната богата со витамин Ц превенира појава на гигивитис и го намалува крварењето од гингивата, кои се состојби кои можат да доведат до губиток на забите. Извори кои се добро снабдени со витамин Ц се: свежо овошје, особено цитрусно овошје (како што се лимони, портокали, киви), и зеленчук (како што се кељ, домати, брокули, пиперки) и ги намалува ризикот од заболувања и на целото тело и оралната средина. Ние може да заклучиме дека аскорбинската киселина е потребна за многу функции во човековото тело и има мултипна улога во човековата хомеостаза. Предности на витамин Ц во оралната средина вклучуваат одржување на здрави заби, коски и добро периодонтално здравје и намалување на ризикот од премалигни лезии. Ризикот од орални премалигни лезии значително се намалува со зголемена консумации на овошје, особено цитрусно овошје и сокови. Клучни зборови: орално здравје, гингивитис, витамин Ц, човеков имунитет, хомеостаза.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 02 Nov 2018 08:16
Last Modified: 02 Nov 2018 08:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20672

Actions (login required)

View Item View Item