Споредбена анализа за употреба на дентални нанокомпозити во Македонија, Бугарија и Шведска

Kovacevska, Ivona and Zlatanovska, Katerina and Longurova, Natasa and Terzieva-Petrovska, Olivera and Georgiev, Zlatko (2018) Споредбена анализа за употреба на дентални нанокомпозити во Македонија, Бугарија и Шведска. Knowledge - International Journal, Scientific Papers. ISSN 2545-4439 (In Press)

[thumbnail of Za Agia Triada - Ivona.pdf]
Preview
Text
Za Agia Triada - Ivona.pdf

Download (717kB) | Preview

Abstract

Нанокомпозитните материјали се новитет во реставративната стоматологија и се широко распространети поради нивните добри карактеристики. Нанокомпозитите ги исполнуваат очекувањата за покривање на недостатоците на микрокомпозитите и хибридите во однос на подобра естетика, но истовремено и подобра механичка отпорност. Со оглед на тоа дека големината на наночестичките е на пониско ниво од видливата светлина, невозможно е да се апсорбира светлината во нив. Овој феномен има суштинско значење за добивање на извонредни естетски карактеристики особено во фронталната регија кај пациентите. Малата големина на честичките овозможува поголемо количество на честички во полнилото и добро полирање. Мазната и полирана површина на реставрацијата оневозможува акумулација на дентален плак, затоа може да се одржува добра орална хигиена. Ниската вредност на полимеризационото собирање на нанокомпозитите се должи на силните интеракции помеѓу органскиот матрикс и неорганските наночестички. Тоа е од особено значење за долговечноста на нанокомпозитната реставрација и доброто рабно затворање.
Целта на овој труд беше да се евалуира кои нанокомпозитни материјали се употребуваат во стоматолошките ординации во Македонија, Бугарија и Шведска; дали се употребува бонд од истиот производител на композитот; ефективноста на нанокомпозитите во однос на рабното затворање како и застапеноста на моделација на реставрацијата според анатомо-морфолошките карактеристики. Истражувањето беше спроведено во 10 приватни здравствени установи – стоматолошки ординации во Битола, Македонија, 3 приватни здравствени установи – стоматолошки ординации во Пловдив, Бугарија и во една државна стоматолошка клиника во Малме, Шведска. Во истражувачкиот примерок беа вклучени вкупно 26 стоматолози, вклучувајќи ги и двата пола и тоа: машки пол – 14 терапевти и женски пол – 12 терапевти. За реализација на оваа студија беше изработен прашалник до докторите и секој од испитаниците го изрази своето лично искуство за нанокомпозитните материјали.
Од резултатите заклучивме дека нанокомпозитните материјали се употребуваат често во стоматолошките ординации во Битола, Пловдив и Малме како средство за оптурација во реставративната стоматологија. Како најчесто користени нанокомпозитни материјали во стоматолошките ординации во Битола се Filtek Ultimate (3M ESPE), Tetric EvoCeram (Ivoclar Vivadent) и Gradia direct (GC). Најчесто користени нанокомпозитни материјали во стоматолошките ординации во Пловдив се: Gradia Direct (GC), Synergy D6 (Coltene) како и Filtek Ultimate (3М ESPE). Според добиените анализи можеме да заклучиме дека во стоматолошката клиника Folktandvården Skåne во Malmö најчесто употребувани нанокомпозитни материјали се: Filtek Supreme (3M ESPE), како и Tetric EvoCeram (Ivoclar Vivadent). Поголем процент од терапевтите во стоматолошките ординации во Битола и Пловдив користат различен бонд од производителот на нанокомпозитот, додека пак терапевтите од стоматолошката клиника во Малме го користат адхезивниот систем кој го налага производителот на нанокомпозитот. Според добиените резултати од испитаните стоматолошките ординации во Битола, Пловдив и Малме можеме да заклучиме дека сите терапевти се задоволни од користењето на нанокомпозитни материјали и со истите постигнале одлични клинички ефекти во однос на рабното затворање. Поголем процент од испитаните терапевти од ова истражување извршуваат моделација на реставрацијата според анатомо-морфолошките карактеристики, кое има значајно влијание врз нејзиниот век на траење како и добрата естетика.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 17 Oct 2018 08:16
Last Modified: 17 Oct 2018 08:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20587

Actions (login required)

View Item View Item