Бангкочките правила – lex ferenda за жената затвореник

Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena (2018) Бангкочките правила – lex ferenda за жената затвореник. Fifth international scientific conference "Social change in the global world" (5). pp. 399-419. ISSN 978-608-244-548-9

[img]
Preview
Text
BANKOGCHKI PRAVILA - za repozitorium.pdf

Download (1093Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/scgw

Abstract

Степенот на остварување на човековите права во едно општество би можело да се оцени по квантумот на права кој го уживаат затворениците во него. Сепак, реализирањето на предвидените права на затворениците, ширум светот, претставува особено сензибилна материја, што само го покажува глобалниот проблем во разбирањето на слободите и правата на човекот воопшто. Потребите условени од родовите диференцијали се она кое ги издвојува жените од масата затвореници и кое условува првичен предвиден засебен третман, пред целокупната индивидуализација. Жената долго време се наоѓа на маргините кога се во прашање истражувањата или решавањето на проблематиките врзани за ефикасноста на извршување на кривични санкции врз нив. Кога се забораваат жените во затворот, се смета дека се заборава и целокупната нивна општествена улога. Таа како дел од затвореничкото општество, во глобални размери, чини од 3-10%. Родовите специфики, кои пак од своја страна, изнудуваат и потреба за „уживање“ на засебни животни услови во пенитенцијарните установи, често се занемарувани, како при теоретското обработување на материјата, така и во реализацијата на самиот третман на затворениците. Институциите се моделирани така да ги задоволат потребите на примарните затвореници – мажите. Потребата од уважувањето на родoви разлики, на меѓународно ниво се начнати уште во Стандардните минимални правила на ОН за постапување со затворениците, но вистински прв меѓународен документ, кој се занимава со положбата на жената во системот на извршување на кривични санкции и кој вистински ја потенцира родовата разлика, се Бангкочките правила. Иако донесени во форма на Резолуција, без мандаторен карактер, тие сепак претставуваат сериозен насочник за подигнување на стандардите во затворот и целокупниот третман на жените затворенички.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Ivanova
Date Deposited: 16 Oct 2018 12:10
Last Modified: 16 Oct 2018 12:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20584

Actions (login required)

View Item View Item