Знаењa и ставови на родителите на 7-12 годишни деца во врска со потреба за интервенции на прв траен молар

Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona and Denkov, Nikola and Atanasova, Sandra and Toneva, Verica (2018) Знаењa и ставови на родителите на 7-12 годишни деца во врска со потреба за интервенции на прв траен молар. Knowledge - International Journal, Scientific Papers. ISSN 2545-4439 (In Press)

[img]
Preview
Text
Separat od apstrakt.pdf

Download (942Kb) | Preview

Abstract

За да се зголеми користењето на превентивната стоматолошка заштита, од суштинско значење е да се подобри знаењето и ставот на родителите за таквите грижи. Периодот на мешана дентиција од 7 до 12 годишна возраст е каректеристичен бидејќи родителите не знаат да ги разликуваат млечните од трајните заби па многу често доколку се појави кариозна лезија на првиот траен молар напредува и истиот многу рано е изложен на ендодонтски третман. Целта на оваа студија беше да се оцени знаењето, ставот и практиката на родителите на училишните деца за првиот траен молар, за кои истите поради возраста на децата не обрнуваат внимание, а истиот претставува мастикаторен центар и е многу важно да се задржи во забниот низ.За реализација на нашата цел беа избрани 30 училишни деца со мешана дентиција, на кои беше направен клинички преглед на кои ги нотиравме интервенциите кои се направени на првиот траен молар. Дизајниран е прашалник за родителите, за нивните знаења, ставови и искуства за мешаната дентиција и првиот траен молар.Резултатите кои што добивме ни укажуваат дека децата со почетокот на мешаната дентиција најчесто не се информирани за тоа и поради тоа првиот траен молар најчесто е изложен на реставрација или ендодонтски третман. Родителите исто така не се информирани и посебно во почетокот на тој период не посетуваат стоматолог мислејќи дека се млечни заби и истите ќе се сменат со трајни. Врз основа на ниското ниво на знаење на родителите во врска со мешаната дентиција, никнењето на првиот траен молар и ефективноста на знаењата стекнати преку стоматолозите заклучивме дека посебно треба де дадеме осврт на професионалната превентивна нега и едукација на училишните деца и на родителите. Едукацијата на децата треба да биде на систематските прегледи, во училиштата и при посета на нивниот матичен стоматолог, се со цел да се подигне свеста за контролни прегледи на 6 месеци. Исто на систематските прегледи треба да биде опфатено залеванње на прв траен молар. Родителите треба да исто да бидат опфатени во едукацијата бидејќи во тој период тие имаат влијание во воспитниот процес.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 12 Oct 2018 09:26
Last Modified: 12 Oct 2018 09:26
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20531

Actions (login required)

View Item View Item