Водич за органско производство на пиперка

Koleva Gudeva, Liljana (2008) Водич за органско производство на пиперка. Manual. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

[img]
Preview
Text
Vodic za piperka.pdf

Download (1223Kb) | Preview

Abstract

Упатството за работа е наменето за сите чинители кои учествуваат во процесот на производство на пиперка, организирано според принципите на органското земјоделско производство. За советниците, претставува корисен извор на информации, а за земјоделците точни упатства за тоа на што треба да посветат посебно внимание за да се стекнат со сертификат за органски производ. Земјоделското производство кое се потпира врз неупотреба на хемиски средства (од синтетичко потекло), или попознато како органско земјоделство ги вклучува сите техники на земјоделското производство кои применуваат начини за добивање здрава храна, истовремено зачувувајќи ја човековата околина. Како клуч за успешно производство, овие техники на производство своја потпора црпат од природната плодност на почвата. Преку разбирање и почитување на природните можности на растенијата, животните и земјиштето, истото се стреми кон постигнување што е можно поголем квалитет, врз база на постојните услови. Органското земјоделско производство целосно го намалува влијанието на надворешните фактори врз човековата околина преку непримена на ѓубрива, пестициди и средства за заштита на здравјето на животните добиени по хемиски пат. Наместо примената на вакви средства, органското земјоделско производство се потпира на природата и нејзините особености за зголемување на приносите и отпорноста кон болестите. Со други зборови, органското земјоделско производство се дефинира како севкупен производен систем, кој го промовира и унапредува здравиот агро-еколошки систем, вклучувајќи ги животинските разноликости, животните циклуси на растенијата и животните, почвената активност; става акцент врз раководните способности на човекот над употребата на средства кои немаат потекло од самите фарми; ги искористува /применува/ биолошките и механичките методи, наспроти синтетичките материјали.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 31 Oct 2012 23:02
Last Modified: 31 Oct 2012 23:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/204

Actions (login required)

View Item View Item