Епидемиолошки карактеристики на тетанусот во скопскиот регион, во периодот 2001 – 2016 година – имунопрофилакса на тетанус

Knnags, Nina (2018) Епидемиолошки карактеристики на тетанусот во скопскиот регион, во периодот 2001 – 2016 година – имунопрофилакса на тетанус. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
07.06.18_Тетанус специјалистички труд- Нина Кнаггс.pdf

Download (1686Kb) | Preview

Abstract

Тетанусот во Република Македонија веќе не представува епидемиолошки проблем во однос на инциденцијата, за што најмногу допринесе задолжителната имунизација, особено вакцинацијата, која во Република Македонија се применува од 1952 година. Цел на трудот: Главната цел на трудот е по направеното истражување, на основа релевантни податоци да се изврши анализа на спроведената задолжителна имунопрофилакса на тетанусот во скопскиот регион. За постигнување на оваа цел да се направи споредбена анализа на реализацијата на задолжителната вакинација и на постекспозиционата имунопрофилакса на тетаничните инфекции во скопскиот регион во периодот од 2011 до 2016 година. Како посебна цел е анализа на евидентираните проблеми на спроведување на задолжителна имунизација и предлагање мерки за подобрување на состојбата во врска со имунизацијата. Материјал и методи: Во реализација на поставената цел е применет дескриптивниот епидемиолошки метод, со статистичка обработка и анализа на податоците. Направено е ретроспективно истражување за спроведувањето на имунизацијата во во скопскиот регион и во Р. Македонија, во периодот од 2001 до 2017 година. Податоците се собрани од: годишните извештаи за вакцинирани деца по календар на вакцинации доставени до Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Центарот за Јавно здравје-Скопје и од протоколот за извршена вакцинација на лица експонирани на тетенична инфекција од ЈЗУ Инфективна клиника-Скопје. Добиените податоци се обработени статистички и прикажани се табеларно и графички. Резултати: Во анализираниот периодот во скопскиот регион, просечниот опфат со примарната ДиТеПер вакцинација, со три дози вакцина е понизок во споредба со истиот опфат за Република Македонија (93,3:95,3) и се движи од 85,1% во 2015 год. до 99,3 во 2013 год. Од 2012 до 2016 година евидентираниот број на посекспозиционата имунопрофилакса постојано се зголемува. Во 2012 година се евидентирани вкупно 2014 повредени лица кај кои е извршена антитетанична имунопрофилакса, а во 2016 нивниот број е зголемен на 3760,што претставува зголемување за 86,7% . Заклучок: Тетанусот е постојано актуелно заболување. Денес тетанусот не претставува епидемиолошки проблем за Република Македонија од аспект на морбидитетот, но имунопрофилаксата останува актуелна и треба континуирано да се спроведува и унапредува. Клучни зборови: имунизација, програма, инфекција, зооноза

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:02
Last Modified: 13 Jul 2018 11:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20236

Actions (login required)

View Item View Item