Бактериска контаминација на такси возила како потенцијална можност за ширење на инфекции

Mladenova, Dragana (2018) Бактериска контаминација на такси возила како потенцијална можност за ширење на инфекции. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Лекториран Specijalisticki trud- Dragana Mladenova.pdf

Download (2948Kb) | Preview

Abstract

Во овој специјалистички труд е направена проценка на микробиолошкиот квалитет на внатрешниот воздух и ентериерот на такси возилата. Прикажан е начинот на земање примероци, применетите постапки и методи со кои е направена микробиолошка идентификација на изолираните микроорганизми. Важна цел беше да се претстават тие за да се заштити населението од потенцијалната можност за ширење на инфекции. Податоците за бактериската контаминација на такси возилата во град Штип се добиени со земање на вкупно 75 примероци од 25 случајно избрани такси возила, од кои 25 примероци се од заштитните појаси, 25 од вентилаторите за воздух и останатите 25 од внатрешните рачки на вратите. За земањето на потребниот примерок беа користени микробиолошки стапчиња за брис во кои беше наполнето 1 мл физиолошки раствор. Собраниот материјал беше засаден на САБУРО, CPSE и крвен агар, а лабораториските позитивни резултати беа потврдени и идентификувани со боења по Грам, набљудувања со светлосен микроскоп и примена на апаратот VITEK 2. Од вкупно 75-те примероци, 26 имаа позитивни наоди, а останатите 49 примероци беа негативни. Од добиените резултати, како најконтаминирани делови од внатрешниот ентериер на такси возилата се покажаа вентилаторите за воздух од каде беа изолирани 12 позитивни колонии со Bacillus species, додека како најмалку контаминирани делови се покажаа заштитните појаси (каиши) од каде беа изолирани 6 позитивни колонии со Bacillus species. Рачките на вратите од внатрешноста имаа 8 позитивни примероци, од кои 7 беа со позитивни колонии на Bacillus species, а во еден примерок беше изолиран Staphylococcus aureus кој, сепак, важи за сериозен патоген по здравјето на луѓето. Па, токму поради таа особина, беше применето негово идентификување и одредување на резистенција на антибиотици со помош на VITEK 2, при што беше утвредено дека станува збор за стафилокок кој е отпорен на дејството на Ampicillin, Gentamicin High Level (synergy), Streptomycin High Level (synergy). По добиените резултати од истражувањето на такси возилата во Штип е направена споредба со добиените резултати во другите земји и градови, каде што се спроведени истражувања од овој тип. Во истражувањето кое ги опфаќа авиокомпаниите, изолирани се Escherichia coli, Staphylococcus aureus, Pseudomonas, Legionella, Aspergillus. Од истражувањето кое е спроведено во возовите и метроата биле пронајдени Micrococcus luteus, Staphylococcus aureus, Escherichia coli, Salmonella, Bacillus subtilis, Proteus mirabilis, Serratia marcescens и некои мувли, додека во истражувањето каде се опфатени такси возилата во Флорида се изолирани разни бацили, коки и квасци. По ваквиот компаративен приказ на истражувањата доаѓаме до заклучок дека, сепак, такси возилата во град Штип кои се опфатени во истражувањето се со помала бактериска контаминација. Но, се докажа дека е невозможно површините во затворените простори и присуството на многу луѓе да нема мноштво од бактерии. Постојат соодветни мерки кои можат да се превземат, со што би се минимизирало ширењето на бактериите со одржувањето на соодветна хигена на рацете. Токму поради таа причина, исто така, цел на ова истражување беше и потикнувањето на свеста кај возачите на такси возилата за обезбедувањето на подобра и почиста средина со поредовно чистење на автомобилите, со што сметаме дека би се намалиле ризиците по човечкото здравје. Клучни зборови: Такси возила, потенцијални контаминирачи, ширење на инфекции, бактерии, Staphylococcus aureus, Bacillus species.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:03
Last Modified: 13 Jul 2018 11:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20235

Actions (login required)

View Item View Item