Бактериска контаминација на мобилни телефони и нивна улога во ширење на инфекции

Ilieva, Magdalena (2018) Бактериска контаминација на мобилни телефони и нивна улога во ширење на инфекции. Other thesis, Goce Delcev University - Stip.

[img]
Preview
Text
Илиева Магдалена - 211260.pdf

Download (2394Kb) | Preview

Abstract

Модерно време, модерна технологија, а дел од неа е мобилниот телефонски уред кој создава главоболка. Да се има најдобриот, најбрзиот и најубавиот мобилен телефон денес е приоритет на секоја личност, особено на помладата популација. Лесната достапност и ниската цена се едни од предностите што овозможуваат сите да имаат пристап до мобилен телефон. Од друга страна, пак, интернетот со кој може да се поврзе мобилниот телефон е уште една од предностите што ги има овој уред. Со достапноста на интернетот се овозможува праќање електронска пошта, комуникација со лица кои не се блиску до себе, GPS навигација и сл. Нивната примена е неконтролирана. Поради сè поголемата употреба на мобилните телефони, настанува патолошка зависност од истите или номофобија – болест на 21-от век. Се применуваат од страна на здравствените работници, студентите, пациентите, но ги применуваат и малите деца. Со самото тоа, нивното пренесување од едно на друго место, нивното постојано ракување и транспортирање ги прави овие уреди погодни места за пренос на бактерии и микроби. За да се контаминираат и да настане раст на микроорганизми, мора да се обезбедат услови на влажна средина и средина со висока температура. Контаминацијата на мобилните телефони најчесто се манифестира поради немање навика за одржување хигиена. Постојат посебни техники и посебни средства за одржување на чистотата на мобилните телефони. Најправилно е мобилниот телефон да се дезинфицира со помош на алкохол. На тој начин комплетно ќе се отстранат сите микроорганизми што дотогаш живееле на нив. Најчести контаминанти кои може да се сретнат на овие уреди се S. aureus, S. epidermidis, S. hominis, S. simulans, Bacillus spp. E. coli, P. aeruginosa и многу други. При спроведување на ова истражување беше утврдено дека процентуалната застапеност на S. epidermidis е 69%, на S. aureus е 22%, на S. hominis е 4%, на S. simulans е 3% и на Bacillus spp. е 2%.Во самото истражување беа земени 80 примероци од 4 целни групи: здравствени работници, студенти, пациенти и посетители. Засадувањето се одвиваше на крвен агар, Сабуро агар и хромогена CPS подлога. После инкубацијата, истите беа боени по Грам и микроскопирани. Исто така се спроведе и Cadness-Graves-ов тест, како и автоматска детекција на изолираните бактерии кон антибиотиците со помош на VITEK 2 апарат. Според сите овие истражувања кои се спроведоа беше утврдено дека голем дел од примероците поседуваат бактерии кои се дел од нормалната флора на кожата кај човекот, но сепак, задолжително е потребна едукација за одржување на хигиенатана мобилните телефони бидејќи сè почесто истите се предизвикувачи на ИХИ, како и одговорни за ширење инфекции. Клучни зборови: мобилен телефон, бактериска контаминација, номофобија, VITEK 2, боење по Грам.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:04
Last Modified: 13 Jul 2018 11:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20234

Actions (login required)

View Item View Item