Акупунктурен третман за мигрена

Gaceva, Margarita (2018) Акупунктурен третман за мигрена. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Akupunktura za Migrena Margarita Gaceva.pdf

Download (1379Kb) | Preview

Abstract

Мигрената е тешка, болна главоболка која може да биде предизвикана од многу фактори (светлина, стрес, гласни звуци, недостаток на сон итн.) и да биде проследена со трнење во рацете и нозете, гадење, повраќање. Точната причина за појава на мигрена е непозната, но се смета дека се должи на абнормална активност во мозокот предизвикана од привремена промена на нервните сигнали и проток на крв во мозокот. Мигрената може да предизвика сериозни болки или пулсирачко чувство, обично само на една страна од главата. Постојат три главни пристапи на третман: акутен третман кој користи лекови за ублажување на симптомите од напади; превентивен третман во кој се користат лекови кои се земаат секојдневно за да се намали бројот на напади или болка и комплементарен третман кој не користи лекови и најчесто се употребува за превенција и вклучува акупунктура, вежбање, техники за релаксација итн. Покрај конзервативниот третман на лечење, постои и друг доста ефикасен начин на лекување со кинеска традиционална медицина (КТМ), кој се користи повеќе од 5000 години. Лекарите кои ја користат кинеската традиционална медицина користат повеќе третмани како: хербална медицина, акупунктура и таи чи за лекување или спречување на здравствените проблеми. Акупунктурата е третман кој потекнува од древната кинеска медицина и се користи како успешен третман кај многу болести. Со напредокот на медицината и науката може да се докаже ефикасноста на овој третман. Третманот со акупунктура е безболен кај повеќемина пациенти и има терапевтско и аналгетско дејство. Акупунктурата е третман при кој во кожата се вметнуваат многу тенки стерилни игли чијашто цел е да се постигне баланс во организмот.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 22 Jun 2018 11:56
Last Modified: 22 Jun 2018 11:56
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20112

Actions (login required)

View Item View Item