Процена на потрошувачката на антибиотици во аптеките во Општина Делчево

Angelovska, Bistra and Micevska, Angela and Drakalska, Elena and Cvetkovski, Aleksandar (2018) Процена на потрошувачката на антибиотици во аптеките во Општина Делчево. In: Прв конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2018, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Постер-УГД-2018.pdf

Download (526Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Programa_UGD_Kongres.pdf

Download (2033Kb) | Preview

Abstract

Антибиотиците го спречуваат нормалниот раст и ги убиваат бактериите кои предизвикуваат инфекции. Зголемувањето на потрошувачката на антибиотиците и нивната неоправдана употреба води до сè поголем развој на резистенција, што претставува една од основните причини за загрозување на сигурноста на пациентите. Со цел да се подигне свеста за антибиотската резистенција, сè почесто е организирањето на кампањи ширум светот за рационална употреба на антибиотици и информирање на популацијата за несоодветната употреба на антибиотици. За да се утврди здравствената култура и информираноста на пациентите од општина Делчево во врска со употребата на антибиотици, спроведовме анкета во која беа вклучени 51 испитаник. За го утврдиме трендот на потрошувачката на антибиотиците во аптеките од општината направивме анализа на потрошувачката за 2015, 2016 и 2017 (заклучно со септември) според податоците добиени од ФЗОМ. Резултатите покажаа дека испитаниците многу често користат антибиотици, не поседуваат јасни познавања за правилната употреба на антибиотици и голем дел не се придржуваат кон упатствата од страна на здравствените работници. Нерационалната употреба на антибиотици за индикации за кои антибиотиците не се наменети ја потенцира потребата за поширока општествена ангажираност за подигање на свеста кај популацијата за рационална употреба на антибиотици и континуирана едукација на здравствените работници. Клучни зборови: антибиотици, резистенција, кампања, индикација, консумација

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elena Drakalska
Date Deposited: 19 Jun 2018 13:32
Last Modified: 19 Jun 2018 13:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20091

Actions (login required)

View Item View Item