Ефикасното управување со трошоците во функција на успeшно работење на претпријатијата

Markova, Verica (2018) Ефикасното управување со трошоците во функција на успeшно работење на претпријатијата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterska-VERICA-MARKOVA-лекторирана nova.pdf

Download (4057Kb) | Preview

Abstract

Современите услови на работење што се карактеризираат со изразени, турбулентни промени во опкружувањето, бараат многу повеќе од релевантни и веродостојни информации што претставуваат многу значајна поддршка на менаџментот во сите фази на процесот на донесување одлуки. Во земјите со развиена пазарна и конкурентска економија се јавуваат нови пристапи, филозофии, концепти и техники во делот на сметководството на трошоците. Развојот на претпријатијата од областа на високите технологии и глобализацијата на работењето го доведуваат во прашање квалитетот на сметководствените информации добиени врз основа на традиционалните методи на пресметка на трошоците и ја наметнуваат потребата од промена на концепциите за утврдување на цената на чинење на производите. За оваа цел, сметководството на менаџментот треба да обезбеди информациска поддршка за управување на претпријатијата, кои како главна цел го имаат задоволувањето на барањата на купувачите, преку континуирано унапредување на работењето. Долгорочното одржување на конкурентската позиција на претпријатијата на пазарот е невозможно без активна политика на управување со трошоците. Од оваа причина, во овој магистерски труд се укажува токму на значењето на управувањето со трошоците како функција на менаџментот, преку анализа на различните системи за управување со трошоците, како традиционални, така и современи. Клучни зборови: трошоци, управување, информации, одлуки, системи

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 19 Jun 2018 13:24
Last Modified: 19 Jun 2018 13:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20081

Actions (login required)

View Item View Item