Образованието како место за изградба на добар граѓанин

Stojanov, Trajce and Stojanova, Slavica (2016) Образованието како место за изградба на добар граѓанин. In: Современото воспитание и образование - состојби, предизвици и перспективи. Научно - стручна конференција со меѓународен карактер, 14 May 2014, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
mergedfile.pdf

Download (918Kb) | Preview

Abstract

Поимот „добар граѓанин“ или „изградба на добар граѓанин“е дел од т.н. „граѓанско образование“ и се однесува на создавање граѓанин кој поседува граѓански доблести потребни за живот во демократијата: соработка, доверба, реципроцитет, великодушност, солидарност, колективен дух, но и парципативност, заинтересираност, вклученост, дигнитет, правдољубивост... Граѓанинот е р`бетот на демократијата. Впрочем, демократијата е втемелена врз граѓанството, а граѓанското општество е сржта на демократијата. Тоа е некаков мост помеѓу поединецот и државата, место каде луѓето ги развиваат и практикуваат граѓанските вештини и доблести, неопходни за општествена вклученост низ соработка. Во нашите 25 години практикување плурализам и демократија, сметаме дека тоа е клучната состојка која недостасува. Граѓанското општество е во директна релација со демократијата во едно општество и тука веројатно лежи нашиот дефицит од демократски капацитет. Токму во тој мост кој ги врзува нашите приватни животи, т.е. слободи и права со владејачкиот авторитет. Со други зборови: колку е помал граѓанскиот капацитет, толку поголем е владејачкиот авторитет. Тоа во пракса значи дека колку е помала граѓанската вклученост толку е поверојатна авторитарноста на властите. Затоа, доброто граѓанство е неопходен услов за демократија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 26 Apr 2018 13:06
Last Modified: 26 Apr 2018 13:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19915

Actions (login required)

View Item View Item