Култивирање на разумот за јакнење на демократските капацитети во мултикултурно општество

Stojanov, Trajce (2017) Култивирање на разумот за јакнење на демократските капацитети во мултикултурно општество. In: 5th International Scientific Conference: “Meeting point and Cultural Divergences in the Balkans, 27-28 Oct 2017, Tetovo, Macedonia.

[img]
Preview
Text
CONFERENCE PROGRAM_MEETING POINT AND CULTURAL DIVERGENCES IN THE BALKANS.pdf

Download (198Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
TS 3.pdf

Download (361Kb) | Preview
Official URL: http://unite.edu.mk/en/lajme_en/3632.html

Abstract

Тезата што ќе се застапува во овој труд е дека јакнењето на демократските капацитети на поединецот низ образовниот процес е клучно за мултикултурниот карактер на Балканските општества. Сметам дека изградбата на т.н. демократско граѓанство низ процесот на образование, всушност е предуслов на мултикултурализмот. За оваа цел, образованието треба примарно да биде нацелено не кон стекнување знаење, туку кон „култивирање на разумот“ (Харви Сигел), како главна епистемолошка цел на образованието. Целта на ова истражување е ефектот на култивирање на критичкото мислење како услов во развојот на демократските вредности, а со тоа и градење на мултикултурните и интеркултурните интегративни процеси. Мултикултурализмот и како теорија и како пракса е демократска придобивка и вредност - тој е невозможен надвор од демократскиот контекст. Затоа, задачата на образованието примарно е да го гради демократскиот капацитет, а алатката за тоа, според овој труд е развој и култивирање на „критичкото мислење.“ Затоа, овој труд ќе ги претстави некои од основните пропоненти на концептот „критичко мислење“ како главна епистемолошка цел на образованието и ќе се обиде да го поврзе тој концепт со мултикултурализмот и предизвиците на демократското образование во домашниот контекст. Преку метод на анализа на основните теории за метакогниција, нивна адаптација на домашните образовни прилики, метод на квалитативна анализа и особено преку компаративен метод, во резултат трудот иницира изградба на соодветна образовна методологија за јакнење на демократските капацитети во функција на мултикултурализмот. Резултатите од тоа теориско и емпириско истражување се во функција на поткрепа на основната теза овој труд. Клучни зборови: Епистемолошки цели, Критичко мислење, Култивирање на разумот, Мултикултурализам, Демократско граѓанство.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 24 Apr 2018 11:15
Last Modified: 24 Apr 2018 11:15
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19879

Actions (login required)

View Item View Item