Меѓуетничка интеграција во наставничките факултети

Stojanov, Trajce (2015) Меѓуетничка интеграција во наставничките факултети. [Project]

[img]
Preview
Text
Short-Theoretical-and-practical-views-on-application-of-the-interethnic-integration-in-the-teacher-training-faculties.split-and-merged.pdf - Published Version

Download (233Kb) | Preview
Official URL: http://mk.pmio.mk/

Abstract

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД е во соработка со Центарот за балканска соработка – ЛОЈА, а е имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, во текот на изминатите години Проектот успешно ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, кои спроведуваа мисија за поттикнување на креативност, за отварање на можности за нови знаења и учења, за отварање на нови хоризонти и погледи, за меѓусебно запознавање и разбирање, за почитување на различностите, и тоа се со една цел, создавање на нови заеднички вредности и градење на заедничка иднина. Едно од клучните достигнувања на проектот е тоа што сега сите основни и средни училишта во Македонија се вклучени во процесот. Најголем дел од општините, советите на родители и локалните заедници ги поддржуваа и ќе продолжат да ги поддржуваат активностите за интеграција на ниво на заедница. Со проектот се формирани околу 400 партнерства меѓу училиштата преку кои е воспоставена интеракција меѓу наставниците и учениците од училишта со различни наставни јазици. Над 5600 ученици учествуваа во етнички мешани креативни работилници, дебатни клубови и наставни и вон-наставни активности. Преку Канцеларијата за воена соработка (ODC), ЕУКОМ, до денес, реновирани се 63 училишта со што беше обезбедена модерна и безбедна средина за учење за над 46000 ученици.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 19 Apr 2018 10:38
Last Modified: 19 Apr 2018 10:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19858

Actions (login required)

View Item View Item