Преглед на теориите за мултикултурализмот, развој на интеркултурните компетенции и превенција на стереотипите и предрасудите

Stojanov, Trajce and Gulevska, Valentina and Mehmedi, Lulzim and Popova-Koskarova, Rozalina and Atanasoska, Tatjana and Mojoski, Nebojsa and Tahir, Tulaha and Jankulovska, Snezana and Jashari, Bleri (2015) Преглед на теориите за мултикултурализмот, развој на интеркултурните компетенции и превенција на стереотипите и предрасудите. In: Теориски и практични погледи за примена на меѓуетничката интеграција во наставничките факултети. МЦГО-УСАИД, Скопје, pp. 28-55. ISBN 978-608-4529-32-3

[img]
Preview
Text
СКРАТЕНО-ТЕОРИСКИ-И-ПРАКТИЧНИ-ПОГЛЕДИ.split-and-merged.pdf

Download (635Kb) | Preview
Official URL: http://pmio.mk/wp-content/uploads/2016/09/%D0%A2%D...

Abstract

Република Македонија е држава на чијшто простор од дамнина постојат и коегзистираат многу култури. Нивниот белег е видлив и денес, во материјалното и нематеријалното културно наследство, во архитектурата, фолклорот,храната, дури и во секојдневните пракси и обичаи што ги негуваме и ги сметаме за неопходен дел од нашиот живот. Мултикултурализмот и мирната коегзистенција во Македонија, иако често подложни на сериозни предизвици, се втемелени во основата на нашата државност. Модерните предизвици со кои се соочува Република Македонија, каков што е процесот за меѓуетничка интеграција во образованието, соживотот и заедничкото градење на иднината, би морале да бидат соодветно претставени, разбрани и инкорпорирани во општеството, за идејата за мултикултурното општество да биде правилно разбрана и прифатена.Потребата од примена на интердисциплинарно образование што соодветно ќе го третира прашањето за мултикулурализмот, интеркултурализмот, како и нивната суштина и реалност во општеството, придружено со предизвиците со кои се соочуваме, како и богатството што сите поединци и сите културни групи го носат во колажот на државата, ни дава право да сметаме дека потребата образованието да стане мултикултурно, а пред сѐ, интеркултурно, како во теоријата така и во практиката, е вистинскиот влог за иднината.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Philosophy, ethics and religion
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 19 Apr 2018 10:28
Last Modified: 19 Apr 2018 10:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19847

Actions (login required)

View Item View Item