Рурален туризам - политика и развој

Metodijeski, Dejan and Dimitrov, Nikola (2018) Рурален туризам - политика и развој. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Штип. ISBN 978-608-244-493-2

[img]
Preview
Text
RURALEN TURIZAM - POLITIKA I RAZVOJ 2018-min.pdf

Download (547Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/698

Abstract

Зголемениот развој на туризмот во светски рамки е поврзан со потенцијалниот развој на руралниот туризам. Руралниот туризам е една од неколкуте активности кои можат да понудат решение за социјалните проблеми во руралните средини, особено проблемот со високата стапка на невработеност и миграцијата кон урбаните простори. Покрај тоа, има и други фактори кои го пренасочуваат фокусот кон руралниот туризам како: зголемениот интерес кон културното наследство и подигањето на нивото на еколошката свест. Како резултат на наведеното, во развиените земји се појавува нов вид на туризам насочен кон посета на руралните средини. Во вака создадените услови, предизвик е да се промовира руралниот туризам како примарен туристички производ кој би го проширил туризмот и неговите социо-економски придобивки за руралните средини. Материјалот кој се содржи во учебникот е поврзан со туризмот кој го презентира руралниот живот, уметноста, културата и наследството на руралните средини и можностите за неговиот развој. Руралниот туризам овозможува интеракција меѓу туристите и локалното население, како и збогатување на туристичкото искуство. Во основа, руралниот туризам е активност која се реализира надвор од урбаните средини. Спротивно на конвенционалниот, руралниот туризам има одредени специфични карактеристики. Ориентиран е кон искуство, локациите се малку населени, се реализира во природна средина, се поклопува со сезонски и локални настани и е базиран на зачувување на културата, наследството и традициите. Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите за рурален туризам и запознавање на студентите со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на руралниот туризам во Република Македонија. Во разработката на учебникот, користена е соодветна литература од познати автори и институции од областа на туризмот и руралниот туризам. Учебникот е структуиран на следниот начин: вовед, прва, втора и трета глава. Суштината на учебникот се содржи во три главни делови. Првиот дел, кој е насловен: „Поимот рурален туризам и фактори за постоење и развој на руралниот туризам“, опфаќа дефинирање на поимот туризмот и критериуми за поделба на видовите туризам, како и дефинирање на поимот рурален туризам. За подетална разработка на овој поим земени се предвид: просторниот опфат, факторите за постоење и развој на руралниот туризам, понудата и побарувачката на руралниот туризам. Вториот дел ги опфаќа меѓународните искуства поврзани со руралниот туризам, каде преку примери од различни земји во светот е прикажана состојбата на руралниот туризам и неговата функција во полза на подобрување на социо-економската состојба на овие земји. Користени се статистички податоци кои укажуваат на степенот на развој и видот на руралниот туризам во овие земји. Во овој дел се претставени и некои меѓународни организации кои се занимаваат со рурален туризам и имаaт голема улога во дефинирањето и насоката на руралниот туризам во иднина. Третиот дел е посветен на руралниот туризам во Република Македонија. Овој дел го опфаќа истражувањето во кое се содржат податоци за моменталната состојба на понуда на рурален туризам, потенцијалите на руралниот туризам во Република Македонија, можностите и улогата на туризмот како фактор за развој и одржливост на руралните средини.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 11 Apr 2018 07:39
Last Modified: 11 Apr 2018 07:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19791

Actions (login required)

View Item View Item