Производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо

Miteva, Marija (2017) Производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Природно-математички факултет.

[img]
Preview
Text
Doktorska_Marija.pdf

Download (506Kb) | Preview

Abstract

Во оваа докторска дисертација се истражувани производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо. Проблемот за производ на дистрибуции, како еден од главните проблеми со кои класичната теорија на дистрибуции се соочува, со конструкцијата на алгебрите на Коломбо на некој начин се надминува. Коломбоовите алгебри се асоцијативни алгебри во кои е вграден просторот на дистрибуции и при тоа операцијата производ во овие алгебри го обопштува класичниот производ на дистрибуции, што значи веќе постоечките производи на дистрибуции и оние пресметани во алгебри на Коломбо се исти. Сепак, овие алгебри овозможуваат пресметување на производ на дистрибуции кој во класичната теорија не е дефиниран. Една од главните придобивки на коломбоовата теорија на обопштени функции е тоа што операциите со сингуларни дистрибуции може да се извршуваат исто толку едноставно како и операциите со глатки функции. Во докторската дисертација се добиени резултати за производ на сингуларни дистрибуции, но и резултати за производ на непрекината функција со сингуларна дистрибуција.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Marija Miteva
Date Deposited: 21 Mar 2018 12:17
Last Modified: 21 Mar 2018 12:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19749

Actions (login required)

View Item View Item