Базелски спогодби и нивното влијание врз управувањето со кредитниот ризик

Gaber, Stevan and Dimovska, Ivana (2018) Базелски спогодби и нивното влијание врз управувањето со кредитниот ризик. Godisen zbornik, 13. pp. 171-180. ISSN 1857-7628

[img]
Preview
Text
Bazelski spogodbi i nivnoto vlijanie vrz upravuvanjeto so kreditniot rizik.pdf

Download (698Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/ekonomsk...

Abstract

При проценка на сигурноста во работењето на банките клучен показетел кој се зема предвид е капиталот со кој банката се заштитува од евентуални можни загуби и истиот треба да е доволно голем за да се амортизираат загубите настанати од влијанието на одредни ризици и воедно адекватноста на капиталот треба да биде во соогласност со меѓународните стандарди и Базелски спогодби. Намерата на Базелскиот комитет е воспоставување единствен стандард за утврдување на адекватноста на капиталот на меѓународните банки од земјите членки со што истовремено ќе бидат отстранети факторите кои се причина за нелојална конкуренција и истовремно банките ќе ја зајакнат својата капитална основа. Во 1988 година овој комитет утврдил пакет од стандарди за минимално ниво на капитал потребно за работа на меѓународните банки познат како Базел 1. Оваа спогодба се одликувала со низа недостатоци кои биле причина за нејзино изменување, надополнување и создавање на втората Базелска спогодба, позната како Базел 2 чијанамера била при мерењето на оперативниот и кредитниот ризик да се применува флексибилен и пософистициран пристап, кој воедно претставува и нов метод и начин на спроведување на супервизијата.По извесен период Базелскиот комитет спроведе реформи и промени во структурата на втората Базелска спогодба и воведе построги регулаторни барања содржани со новата капитална рамка позната како Базел 3.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 20 Feb 2018 12:49
Last Modified: 20 Feb 2018 12:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19632

Actions (login required)

View Item View Item