Транснационалниот организиран криминал како закана за националната безбедност

Agrotova, Stefanija and Dojcinovski, Metodija (2016) Транснационалниот организиран криминал како закана за националната безбедност. Можното, реалното и виртуелното во современиот свет. ISSN 978-608-4574-75-0

[img]
Preview
Text
zborniktrudovi16elek.pdf EURM 2016.pdf

Download (348Kb) | Preview

Abstract

Истражувањата на безбедносните студии се трудат да бидат поставени во проширениот и продлабочен контекст, но безбедносното опкружување од нас бара да не го напуштиме традиционалниот пристап кон прашањето за безбедноста. Различните облици на загрозување се покомплексни поради одредени фактори, впрочем истите се и тешки за дефинирање, а голем дел од нив го менуваат обликот и начинот на дејствување. Од другастрана пак, грижите, проблемите и претпазливоста на националната безбедност доаѓаат од природата на заканите. Динамиката со кои истите се случуваат дополнително го усложнуваат нивното потекло, утврдувањето на причините а секако и нивното намалување. Сложеното меѓународно опкружување се претпоставува дека во индина ќе станува се посложено. Од ова, произлегува дека заканите кои и се случуваат на националаната безбедност се во постојана променлива состојба. Транснационалниот организиран криминал е глобална закана, но неговите ефекти се чувствуваат на локално ниво. Истиот овој вид на криминал има моќ да дестабилизира цели држави и региони. Организираното мрежно работење, иновативните тактики, страгегии и технологии со кои се служат криминалците доведува до остварување на нивните цели како на пример перење на пари преку банкарски сметки, сексуална експлоатација на жени и деца, ситни кражби, кражби на автомобили, насилства и огромен број злосторства. Под негово влијание се без исклучок и развиените и државите во развој. Иако организираниот криминал е вкоренет уште многу одамна, за да може државата да ги превенира, да одговори и да ги сузбие овие асиметрични закани потребно е нивно постојано следење и анализа. Активностите на овој вид на криминал претставуваат реална закана по националната безбедност.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Metodija Dojcinovski
Date Deposited: 19 Feb 2018 11:47
Last Modified: 19 Feb 2018 11:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19555

Actions (login required)

View Item View Item