Сметководствени информациони системи - скрипта

Koleva, Blagica (2017) Сметководствени информациони системи - скрипта. ISBN 978-608-244-466-6.

Full text not available from this repository.
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/detal.php?id=662&ugd=7e1c...

Abstract

Сметководствениот информациски систем претставува употреба на сметководствените податоци во рамките на целокупниот информациски систем во претпријатието, како и значењето на обработката на податоците, користењето и управувањето со информациите како ресурс на претпријатието. Информациски систем е секоја напишана, електронска или графичка метода на комуникациски информации чија основа е делење и обработката на информации и идеи. Информацијата е сѐ поскапоцено и поважно добро кое е неопходно за организацијата ефикасно да функционира или, воопшто, за нејзино егзистирање. Затоа, важно е сметководството да се разбере како информациски систем за да можат да се задоволат потребите на организациите за добивање информации кои се важни за функционирање на истите. Ракописот „Сметководствени информациони системи“ е наменет, пред сè, за студентите на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои го изучуваат истоимениот предмет, но можат да го користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е презентација на една целосна анализа на функционирањето на компјутеризираните сметководствени информациски системи. Во овој контекст, материјалот опфатен во скриптата е поделен на неколку делови: Глава I – Основи на сметководствените информациски системи; Глава II – Поим, видови и цели на сметководствениот информациски систем; Глава III – Методологија на организирање на сметководствените информациски системи; Глава IV – Развој, контрола и ревизија на сметководствените информациски системи. Во првата глава се обработени поимот, целите и задачата на сметководствениот информациски систем, како и местото и улогата на сметководствениот информациски систем во рамките на целокупниот информациски систем во претпријатието. Во втората глава од материјалот се обработени прашања во врска со поимот, видовите и целите на сметководствениот информациски систем, како дел од пошироката деловна анализа на работењето на претпријатијата. Третата глава е посветена на методологија на организирање на сметководствените информациски системи и нејзиното место во гранката во која работи, како и развојот на информациските системи кои претставуваат повеќегодишен процес кој подразбира повеќе фази и активности, од планирање на развојот до застарување на системот и негова замена и повлекување од употреба. Во четвртата глава детално се разработени мерките за сигурност и заштита на податоците и на системот во целина, со цел да дојдат до израз предностите што ги овозможува информатичката технологија за унапредување на квалитетот на сметководството.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 16 Feb 2018 12:47
Last Modified: 16 Feb 2018 12:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19540

Actions (login required)

View Item View Item