Фактори на успешна комуникација на менаџерот во училиштето

Mirascieva, Snezana and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Koceva, Daniela and Kitanova, Irena (2017) Фактори на успешна комуникација на менаџерот во училиштето. Зборник на трудови: Современото воспитание и образование - состојби, предизвици и перспективи - 2017. ISSN 978-608-244-472-7

[img]
Preview
Text
Мирасчиева Собрание 2.pdf

Download (999Kb) | Preview

Abstract

Апстракт Образовниот систем во Република Македонија значајно се менува во последните години. На сите нивоа, од предучилишно до универзитетско, настанаа системски и структурни промени во наставниот процес, организацијата на работата на училиштето, се развива стандарди за стекнување на функционални знаења, компетенции и вештини, се воведуваат инструменти за евалуација на работата на наставниот кадар, сите во функција на зголемување на квалитетот во образованието. Доколку тенденцијата е градење систем на квалитетно образование, достапно за секое дете, одговорноста за напредување на квалитетот во исто време подразбира и јакнење на авторитетот на наставничката професија и вредностите на образованието. Улогата на менаџерот во училиштето и другите воспитно-образовни институции во промовирањето на квалитетот во образованието како цел е една од клучните претпоставки за успешна и квалитетна реализација. Во училиштето не само што се потребни стручни лица, туку повеќе од потребна е комуникација меѓу нив. Од друга страна, комуникацијата во училиштето е комплексна, а во исто време и е една од тајните на успешните училишта. Со ефикасна комуникација на менаџерот во училиштето се создаваат можности за креативна соработка и снаоѓање во сложениот контекст на современото воспитание и образование. Клучни зборови: успешност, директор, образование, институција.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 14 Feb 2018 10:53
Last Modified: 14 Feb 2018 10:53
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19462

Actions (login required)

View Item View Item