Лабораториски наоди од редовни систематски прегледи на работоспособното население од градот Велес и околината

Ivanovska, Katerina (2018) Лабораториски наоди од редовни систематски прегледи на работоспособното население од градот Велес и околината. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Katerina-Final-_lektorirano.pdf

Download (822Kb) | Preview

Abstract

Клучен елемент на социо-економскиот развој на секоја земја е здравјето на работниците, што е предмет на интерес на медицината на трудот. Согласно законските одредби, работодавачот е должен на работникот да му овозможи редовни систематски прегледи, во зависност од изложеноста на ризик на работното место. Целта на овој специјалистички труд е да се направи анализа на наодите од систематските прегледи на текстилни работнички од градот Велес и околината, со акцент на наодите од клиничко-биохемиските анализи. Во ова истражување се опфатени вкупно 95 текстилни работнички од градот Велес и околината. Направени се сите анализи и испитувања кои се предвидени со тековните законски одредби. За комплетирање на липидниот статус дополнително е направена анализа на HDL-холестеролот. Индексот на телесна тежина е дополнет со мерење на обемот на половината. Анализата на податоците од нашето истражување покажа дека кај оваа популација нема значајни отстапувања во однос на најголемиот дел од клиничкобиохемиските параметри, со исклучок на вкупниот холестерол и HDLхолестеролот. Со оглед на тоа што нарушувањата на липидниот статус се тесно поврзани со неправилната исхрана и дебелината, направивме анализа на индексот на телесна тежина кој покажа дека над 65% од испитаничките, опфатени во ова истражување, се со прекумерна телесна тежина или обезни (BMI: 25 - 30 или >30kg/m2). Дополнително, кај дел од испитаничките е дијагностицирана појава на метаболен синдром и тоа: Од 30 работнички со нормална телесна тежина, кај една работничка (3,3%) е дијагностициран метаболен синдром. Од 34 работнички со зголемена телесна тежина, кај 4 (11,7%) е дијагностициран метаболен синдром. 5 Од 31 обезна работничка, кај 18 (58,1%) е дијагностициран метаболен синдром. Како заклучок, сите работнички вклучени во ова истражување се со зачувана работна способност за конкретното работно место. Прекумерната тежина, дебелината и присуството на метаболниот синдром се состојби кои се застапени кај висок процент од испитуваната популација. Со оглед на тоа што овие состојби претставуваат значаен фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2, неопходно е во иднина да се обрне поголемо внимание за нивна превенција.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Feb 2018 09:17
Last Modified: 07 Feb 2018 09:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19369

Actions (login required)

View Item View Item