Европското трудово право и глобализацијата

Belovski, Vojo and Majhosev, Andon (2017) Европското трудово право и глобализацијата. IV Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. pp. 47-73. ISSN ISBN 978-608-244-423-9

[img]
Preview
Text
IV Меѓународна научна конференција-Зборник на трудови.pdf

Download (495Kb) | Preview

Abstract

Во трудот се обработува Европското трудово право (комунитарно и некомунитарно) и влијанието на глобализацијата врз неговата содржина. Во трудот се обидуваме да направиме разлика помеѓу европското комунитарно и европското некомунитарно трудово право. Исто така, во трудот се опфатени најважните извори на европскот комунитарно и европското некомунитарно трудово право. Во тој контекст, во трудот се опфатени и најважните секундарни извори на европското трудово право како што се: правило, директива, одлука, мислење, препораки, резолуција, декларација, акциони планови, бела, односно зелена книга. Посебно место во трудот е посветено и на механизмите на контрола и заштита на социјалните права утврдени во Европската конвенција за правата на човекот и Европската социјална повелба, како што се: постапка за испитување на националните извештаи, постапка по основ на колективна жалба, заштита на слободата на здружување и пред националните судови. Вториот дел од трудот се однесува на глобализацијата и нејзиното влијание врз правниот систем. На крајот од трудот е даден заклучокот. Клучни зборови: примарни извори, секундарни извори, конвенции, препораки, директиви, регулатива.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 30 Jan 2018 09:58
Last Modified: 30 Jan 2018 09:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19208

Actions (login required)

View Item View Item