Економски алтернативи за земјоделците во Преспа

Mihajlov, Ljupco and Dimovska, Violeta and Ilieva, Fidanka and Zlatkovski, Vasko (2017) Економски алтернативи за земјоделците во Преспа. Other. Federacija na farmeri na R.M..

[img]
Preview
Text
Vodic.pdf

Download (2554Kb) | Preview

Abstract

ка во Република Македонија и претставува основен извор на приходи за население- то од овој регион. Сепак, зависноста од временските услови во голема мера придонесува земјоделски- те семејства, од време на време да трпат огромни штети. Така, во 2014 година, градот направи големи штети на околу 3.000 ha, оставајќи голем број семејства во големи финансиски проблеми. Големи штети предизвикаа и касните пролетни мразеви во 2016 и 2017 година, кои исто така направија пустош низ преспанските овоштарници. Во редовно родна година, се добиваат околу 100.000 тони јаболко, од кои околу 20% отпаѓа на т.н. индустриско јаболко. Од овие количества, најголемиот дел завршуваат на пазарот надвор од Република Македонија, а дел се продава на локалните пазари ширум државата. Треба да се напомене дека само 1/3 од родот спаѓа во т.н. I класа и добива соодветна цена, додека останатите количества се предмет на договор со откупувачите, во кои земјоделците редовно остануваат изманипулирани, односно им се откупени јаболка- та по ниски цени. Имајќи го во предвид сето ова, не е тешко да се заклучи оти финансиската состојба на земјоделците кои се занимаваат со производство на јаболко во Преспа не е задо- волителна. Истовремено, поради недостаток од организирано делување и распола- гање со сместувачки капацитети во контролирани услови на средината, дел од коли- чеството пропаѓа и се фрла, што уште повеќе ја влошува финансиската состојба на земјоделските семејства. Излез од ваквите состојби треба да се бара во истражување на можности за оства- рување на дополнителни приходи, пред сѐ во одгледување или собирање самоникна- ти лековити и зачински растенија, како и преработка на пониските класи јаболко во производ со додадена вредност, а е баран на пазарите, како што е јаболковиот оцет. Овој прирачник се занимава токму со тоа. Поделен во три независни, а сепак поврза- ни поглавја, дава преглед на сортите јаболко кои се најповолни за одгледување како суровина за производство на сушено јаболко и јаболков оцет. Потоа, дава сознанија за начините на одгледување и правилно собирање на лековитите и зачинските рас- тенија кои може да се најдат во Преспа, а третиот дел дава сознанија за начините на подготовка на влезните суровини за сушење и добивање комплетен производ со ви- сока додадена вредност.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Dimovska
Date Deposited: 29 Jan 2018 09:27
Last Modified: 29 Jan 2018 09:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19172

Actions (login required)

View Item View Item