Грижата за оралното здравје кај студентите од различни факултети

Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Petrovski, Mihajlo and Gorgiev, Zlatko (2017) Грижата за оралното здравје кај студентите од различни факултети. In: Knowledge in practice. (Submitted)

[img]
Preview
Text
PROGRAM BANSKO 17-1.pdf

Download (399Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
POSTER Ivona.pdf

Download (2436Kb) | Preview

Abstract

Устата претставува прозорец кон целокупното здравје во човечкиот организам и многу често, во оралната средина можат првично да се манифестираат знаци и симптоми на заболувања кои го засегаат целиот организам. Одржувањето на оралното здравје е важно за забите, гингивата, јазикот и воопшто на целиот организам. Проблемите како непријатен мирис (fetor ex ore), сува уста (xerostomia), наслаги, промени на слузокожата, итн. укажуваат и за системски неправилности. Оралната хигиена претставува клучен сегмент за одржување на оралното здравје, и подразбрира чиста уста без присуство на меки или пак тврди наслаги, отсуство на кариес, санирани заби, здрава гингива и потпорен апарат. Клучна улога во овај дел има стоматологот кој освен преглед, санација и документирање на оралната хигиена кај популацијата паралелно врши и едукација за спроведувaње на адекватни орално-хигиенски навики и однесувања, кои ќе го подигнат оралното здравје, а со тоа и системското здравје. Во колкава мера изборот на факултетот влијае врз оралното здравје и хигиено диететскиот режим кај студентите при Универзитетот ”Гоце Делчев” во Штип, претставува целта на нашето истражување. Материјал и метод: Во испитувањето беа вклучени 60 пациенти на возраст од 19-30 години, по случаен избор, од обата пола, кои заради стоматолошки услуги се јавиле во ординациите на ФМН при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип. Во релација со образованието испитаниците беа со високо образование и класифицирани во 2 групи и тоа:  прва група - 30 испитаници студенти на Дентална Медицина  втора група – 30 испитаници студенти на други факултети На сите им беше дистрибуиран анонимен анкетен прашалник за навиките кои ги имаат, како хигиенски така и лоши навики, а следствено на тоа им беше направено стоматолошки преглед со дентален статус. Резултати: Сите студенти вклучени во истражувањето воглавном четкат заби два пати на ден. Од средствата за дополнителна хигиена најзастапено е користењето на водички за плакнење на устата (36,67%), забен конец ( 5% ), интердентални четкички (20% ). Како заклучок од спроведеното истражување може слободно да кажеме дека изборот на факултетот како и степенот на образованието влијаат на свеста за одржување на оралното здравје, преку кивантитативни и кивалитативно орално хигиенски мерки. Секако дека идните стоматолози ќе продолжат и во натамошната едукација на популацијата за зголемување и на превентивните мерки, за подигнување на оралното здравје а со тоа и на системското здравје.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 29 Jan 2018 11:21
Last Modified: 29 Jan 2018 11:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19144

Actions (login required)

View Item View Item