Орално-хигиенска грижа за пациенти со гастроинтестинални заболувања

Kovacevska, Ivona and Toneva, Verica and Toneva, Aleksandra and Atanasova, Sandra and Kocovski, Darko (2017) Орално-хигиенска грижа за пациенти со гастроинтестинални заболувања. In: Knowledge - International Journal Scientific and applicative papers Vol 20.4, 15-17 Dec 2017, Bansko, Bulgaria.

[img]
Preview
Text
Bansko-poster VERICA (1).pdf

Download (1978Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
PROGRAM BANSKO 17.pdf

Download (423Kb) | Preview

Abstract

Оралното здравје е важно, како за општото здравје така и за квалитетот на животот. Здравата орална средина го превенира гастроинтестиналното нарушување и придонесува за благосостојбата на човековото тело. СЗО го дефинира како состојба каде ќе има отсуство на орална или фацијална болка, отсуство на карцином, орална инфекција, рани, периодонтална (гингивална) болест, кариес на заби, губиток на заби и други заболувања и нарушувања кои го ограничуваат одгризувањето, џвакањето, смеењето, зборувањето и психосоцијалната благосостојба. Добрата орална хигиена е важна за сите, но особено за лица со гастроинтестинални заболувања. Гастроинтестинални заболувања се оние кои го афектираат било кој дел од гастроинтестиналниот тракт, од устата па се до анусот. Најчести гастроинтестинални заболувања се: езофагеален рефлукс, абдоминална хернија, иритабилен цревен сидром, констипација, камења во жолчката итн. некои од гастроинтестиналните заболувања имаат орална манифестација како што се: крвавење од гингивата, пролиферациија на гингивата, абразија на заби, улцерација, болка итн. Тие имаат потреба од специјална орална грижа и хигиена за да превенираат влошување на состојбата (заболувања на заби или на гингивата). За да се превенира влошување и на главното гастроинтестинално заболување и на оралната состојба потребно е комбинација од терапија за гастроинтестиналното нарушување, но и одржување на орална хигиена. Стоматолозите треба да советуваат одржувања на подобра орална хигиена со специјални меки четки за заби со соодветна големина, со цел избегнување и на кариес на забите но и на гингивитис и на периодонтално заболување. Под поимот соодветна орална хигиена се подразбира одржување на оралната средина правилно и тоа: четкање на забите 2 пати дневно со флуоридна паста за заби, користење забен конец барем еднаш дневно, соодветна балансирана исхрана со намален внес на грицки помеѓу оброците, користење на средства за одржување орална хигиена кои содршат флуор, вклучувајќи паста за заби, користење антисептичка вода за плакнење на уста 2 пати на ден, откажување од цигари итн. Најважна навика за намалување на ризикот од влошување на состојбата е редовната посета на стоматолог за контрола и професионално чистење на забите. Професионалното чистење на забите треба да е најмалку 2 пати годишно. А редовните контролни прегледи треба да се на секои 3 месеци за да се согледа состојбата на оралната средина и дијагностицира напредокот на оралната манифестација на гастроинтестиналното заболување. Ние препорачуваме одржување на оралното здравје со соодветна орална хигиена во комбинација со соодветна терапија за гастроинтестиналното заболување, со цел да се превенира влошување на систематското нарушување. Клучни зборови: орална хигиена, орално здравје, гастроитестинално заболување, пациент

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 26 Jan 2018 11:41
Last Modified: 26 Jan 2018 11:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19106

Actions (login required)

View Item View Item