Застапеност на пациенти со артроза на колкот (Coxarthrosis) во периодот 2015/2016 година на територијата на Општина Кочани

Panov, Kiril and Krstev, Toshe (2017) Застапеност на пациенти со артроза на колкот (Coxarthrosis) во периодот 2015/2016 година на територијата на Општина Кочани. Списание на македонското физиотерапевтско здружение, 1 (1). pp. 42-47.

[img]
Preview
Text
izvadok kp.pdf

Download (1670Kb) | Preview
Official URL: https://mfz.mk/

Abstract

Во функционална смисла, анатомијата на зглобот на колкот обезбедува солидна стабилност, благодарејќи на длабокиот ацетабулум (кој е дополнително продлабочен со присуството на фибро- ’рскавичниот прстен), добро прилагодената градба на главата на фемурот, силната зглобна капсула, лигаментарната потпора (lig. Iliofemoral, lig. Pubofemorale, lig. Ischiofemorale) и мускулниот баланс. Динамичната стабилност се обезбедува од балансот на мускулните сили.Стабилизацијата на колкот, обезбедува исправен став и нормален од. Во нормални околности овој зглоб дозволува подвижност, не нарушувајќи ја стабилноста. Губитокот на подвижноста со присуство на болка, значајно влијае на одот, затоа што наметнува девијации, ја намалува неговата ефикасност и координација во целина. Доколку колкот го губи квалитетот на ткивата и мускулната сила, и тоа ќе предизвика преголема компресија на зглобните површини и понатаму значајно ќе допринесува за забразување на патолошките промени. Дегенеративните болести на зглобовите спаѓаат меѓу најчестите ревматски болести кај луѓето.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 24 Jan 2018 14:34
Last Modified: 24 Jan 2018 14:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19086

Actions (login required)

View Item View Item