Основните функции на музичките инструменти при разработка на оркестарската партитура

Velkovska-Trajanovska, Valentina and Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2017) Основните функции на музичките инструменти при разработка на оркестарската партитура. Годишен Зборник - 2017 Музичка Академија УГД, 4 (IV). pp. 9-24. ISSN 1857-7296

[img]
Preview
Text
1. Валент, Стеф.pdf

Download (608Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/muzicko/...

Abstract

Оркестрацијата претставува постапка со која композиторот при разработка на оркестарската партитура ги утврдува улогите на поединечните инструменти и нивните групи. Овој термин за првпат се појавил во 1807 година, а со текот на времето се употребуваат два назива - инструментација и оркестрација. Овие термини во стручната литература се преплетуваат меѓу себе, дури и како синоними, а кај некои автори разликата се пронаоѓа во тоа каде што лежи тежиштето на постапката - кај инструментите и нивните репродуктивни - технички карактеристики или врз оркестарот како целина, со сите заемни соодноси. Затоа со развитокот и усовршувањето на музичките инструменти, воедно и оркестарот, се развива и оркестрацијата која се етаблира и како научна дисциплина, тесно поврзана со творештвото, стилските периоди и творечките правци на музичката уметност. Во овој труд ќе ги претставиме основните функции на музичките инструменти и дополнително ќе се задржиме и на неколку фактори на општата оркестарска фактура. Клучни зборови: оркестрација, музички инструменти, оркестарска партитура.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Stefanija Leskova Zelenkovska
Date Deposited: 24 Jan 2018 14:22
Last Modified: 24 Jan 2018 14:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19047

Actions (login required)

View Item View Item