Бруксизам - ноќно шкрипење

Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Atanasova, Sandra and Petrovski, Mihajlo (2017) Бруксизам - ноќно шкрипење. In: Knowledge in practice, 15-17 Dec 2017, Bansko, Bulgaria.

[img]
Preview
Text
DRAFT AGENDA BANSKO.pdf

Download (193Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
PROGRAM BANSKO 17.pdf

Download (423Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
poster bruksizam bansko keti.pdf

Download (1590Kb) | Preview

Abstract

Бруксизмот претставува нарушување на стоматогнатниот систем проследено со парафункционални движења на стискање и шкрипење со забите. Ова е многу раширен проблем кој го прати човекот од неговиот постанок па се до денешното модерното доба. Постојат многу дефиниции за бруксизмот. Според American academy of orofacial pain, бруксизмот претставува “дневна или ноќна парафункциска активност која вклучува стискање, шкрипење, крцкање и мелење со забите”. Дневниот бруксизам денес е издвоен како посебна состојба – бруксоманија и се карактеризира само со стискање на забите. Кај ноќниот бруксизам се регистрираат стискање и шкрипење со забите и истиот вообичаено се јавува во раната фаза на спиење. Иако оваа состојба е со мултифакторијална етиологија, многу автори се согласуваат дека за примарен предизвикувач на бруксизмот се сметаат стресот и емоционалните фактори. Во такви ситуации, пациентите со цел да се ослободат од тензијата несвесно предизвикуваат штетни парафункционални движења. За разлика од функционалните движења, парафункциите кај бруксизмот развиваат многу поголеми сили. Силите кои настануваат можат да бидат вертикални и хоризонтални. Според тоа и бруксизмот може да се јави во два облика. Првиот е хоризонтален облик (шкрипење) кога имаме екстремни хоризонтални движења. Ови движења предизвикуваат трошење на инцизалните рабови и на туберите на бочните заби. При тоа се намалува вертикалната димензија на пациентот. Другиот облик е – вертикален (стискање) каде постојат минимални движења, при што се троши лингвалната површина на горните и лабијалната површина на долните предни заби, но не им се намалува должината. Објективни знаци и симптоми на бруксизмот се: абразија, атриција и останати појави на забите; влијание на пародонталниот лигамент и подвижност на забите; зголемен тонус и хипертрофија на мастикаторните мускули; промени во темпоромандибуларниот зглоб; главоболки и болки во мастикаторните мускули. Воедно, потврдена е и генетска предиспозиција за бруксизам, како и влијание на некои провоцирачки фактори – лекови, алкохол, цигари, малнутриција и нарушување на централниот нервен систем. Бруксизмот може да се јави кај сите возрасни групи, од мали деца до носители на протетски изработки. Сепак најголема инциденца е регистрирана во адолесцентниот период. Терапијата на бруксизмот е комплексна, како и секоја терапија на појави и состојби кои немаат јасна етиологија. Третманот треба да вклучи редукција на психолошкиот стрес, третирање на симптомите на мандибуларна дисфункција, прилагодување на оклузијата со помош на оклузални сплинтови, а по потреба и вклучување на фармакотерапија. Оклузалната терапија може да ги редуцира негативните последици на парафункционалните активности, но не и да ги запре. Овој вид на терапија се користи кога парафункционалните активности предизвикуваат проблеми во стоматогнатниот систем како на пример нарушување во функција на мускулите и виличниот зглоб, болка, прекумерно трошење на тврдата забна супстанца, како и зголемена подвижност на забите. Во терапија се користат следниве облици на сплинтови: интердентални штитници, репозициски и стабилизациски сплинтови. Клучни зборови: бруксизам, парафункционални активности, терапија, шкрипење со заби.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 24 Jan 2018 14:16
Last Modified: 24 Jan 2018 14:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19002

Actions (login required)

View Item View Item