Повеќеслојна визуелизација на податоци со помош на openlayer

Gorgieva Jovanov, Elena (2017) Повеќеслојна визуелизација на податоци со помош на openlayer. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud final - Elena Gjorgjieva.pdf

Download (1908Kb) | Preview

Abstract

Визуелизацијата на податоци е создадена за човекот. Познавањето на човековата перцепција и неговото сфаќање е неопходно при дизајнирање на интуитивни визуелизации. Визуелизацијата може да биде средство за истражување на податоци. Во денешно време со развојот на технологијата се зголемува бројот на алатки коишто се користат за креирање на интерактивни веб мапи. OpenLayers е една од тие алатки. OpenLayers претставува JavaScript библиотека која се користи на клиентска страна и е достапна за сите. Развиена е од Metacarta, како дел од Google Maps и овозможува креирање на интерактивни веб мапи кои се видливи речиси на секој веб пребарувач. Тоа е библиотека со високи перформанси која е опремена со функционалност за сите потреби на корисниците за мапирање. Во овој магистерски труд се прикажува процесот на креирање на интерактивна мапа на Република Македонија со помош на OpenLayers. Целта за креирање на оваа мапа е да овозможи преглед на одредени статистички податоци за Република Македонија, како и одредени функционалности. Истата може да се користи во образованиот систем и во Државниот завод за статистика на Република Македонија. Клучни зборови: интерактивна мапа, геовизуелизација, картографска визуелизација, webmapping

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 22 Jan 2018 11:54
Last Modified: 22 Jan 2018 11:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18998

Actions (login required)

View Item View Item