Грчката политика и Македонското прашање

Stojanovski, Strasko and Ljorovski, Dimitar and Marolov, Dejan (2017) Грчката политика и Македонското прашање. Годишен зборник на Правен факултет, 7. ISSN 1857-7229

[img]
Preview
Text
sodrzina na godisen zbornik.pdf

Download (494Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
stojanovski ljorovski marolov 2017.pdf

Download (595Kb) | Preview

Abstract

Политизацијата на Македонското прашање се интензивира во втората половина на 19 век, со зголеменото присуство на соседните пропаганди на територијата на доцноосманлиска Македонија. Во овој период се нудени различни програми за решавање на истото, но тие во голем дел сепак ќе претставуваат одраз на амбициите на соседните млади балкански нации за територијална експанзија. Овој труд ќе се фокусира на симболичките и конкретните политички активности на Грција, која има за цел национално да ја унифицира Егејска Македонија според нејзините национално- државни шаблони. Ова ќе резултира со идентитетско редефинирање на македонското автохтоно население, кое подеднакво се базира и на методите на спроведување на геноцид, но и на етноцидните методи. Сепак, политиката на Грција не се ограничува само на територијата на Македонија која влегува во нејзините граници. Во континуитет, од создавањето на македонската државност во рамките на СФР Југославија, а подоцна и со осамостојувањето на Република Македонија, Грција настојува културно и национално да го обезличи својот северен сосед, пред се насочувајќи ја својата политика кон ре-дефинирање на Македонскиото национално име, идентиет и посебност. Клучни зборови: Македонија, Грција, идентитет, малцинство, нација

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 18 Jan 2018 11:51
Last Modified: 18 Jan 2018 11:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18971

Actions (login required)

View Item View Item