Основи на биохемија: рецензирана скрипта

Ruskovska, Tatjana (2012) Основи на биохемија: рецензирана скрипта. ISBN 978-608-4504-92-4.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/153

Abstract

Предговор кон скриптата „Основи на биохемија“ Да се пишува учебно помагало е навистина тешка и одговорна задача, но во моментот кога се соочив со недостиг од адекватно учебно помагало по предметот Основи на биохемија, пишувањето на оваа скрипта се наметна како неминовност. Покрај големата одговорност што ја носи со себе, пишувањето на учебно помагало во исто време претставува и една благородна дејност од причина што и времето и трудот што се вложени во секоја страница и секој пасус се насочени кон една повисока цел: да се подигне нивото на наставниот процес на Универзитетот и да им се помогне на студентите да се стекнат со највисок степен на знаења од дадената област. Скриптата „Основи на биохемија“ првенствено им е наменета на студентите кои го слушаат истоимениот курс на Факултетот за медицински науки, односно ја изучуваат биохемијата само еден семестар. Токму затоа, при пишувањето на оваа скрипта мојата основна идеја беше да ги запознаам студентите со најосновните биохемиски процеси во човековиот организам, а потоа, на еден специфичен и оригинален начин, да ги поврзам истите со дијагностичкото значење на најзначајните клиничко-биохемиски параметри. Од причина што овој курс го слушаат и студентите од студиската програма за Дипломирана медицинска сестра /техничар, а знаејќи дека голем дел од нив во рамките на својот професионален ангажман ќе бидат инволвирани во преаналитичката фаза на изработката на клиничко-биохемиските анализи, големо внимание обрнав токму на оваа проблематика. Иако првенствено наменета за совладување на предвидената наставна материја по предметот Основи на биохемија, оваа скрипта можат да ја користат и студентите од студиските програми на Факултетот за медицински науки каде биохемијата подетално се изучува, но и веќе дипломираните студенти, како прирачник за брзо повторување и потсетување на претходно наученото. Во оваа скрипта е сублимирана обемна релевантна литература од признати автори од нашата земја и од светот од областа на базичната и клиничката биохемија. Притоа се обидов целата таа обемна и комплексна материја да им ја приближам на студентите на еден едноставен и разбирлив начин. Знаејќи дека идеалното е речиси невозможно да се постигне, со задоволство ќе ја прифатам секоја конструктивна критика и сугестија од страна на читателите, што ќе претставува придонес за подобрување на квалитетот на оваа скрипта.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tatjana Ruskovska
Date Deposited: 24 Nov 2012 12:39
Last Modified: 09 Apr 2015 09:23
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1896

Actions (login required)

View Item View Item