Пасивните суицидални идеи како клинички маркери за предикција на суициди-психодијагностика и третман

Miloseva, Lence (2017) Пасивните суицидални идеи како клинички маркери за предикција на суициди-психодијагностика и третман. In: Семинар: Невронауки, 1 Nov 2017, Stip, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
STIP Lence Miloseva - LM.pdf

Download (2023Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Programa seminar Nevroanuki.pdf

Download (238Kb) | Preview
Official URL: https://www.youtube.com/watch?v=WOEyYdTnsjQ&featur...

Abstract

Воведот нуди преглед на важноста на ризик факторите и како тие се поврзани со суицидот и истовремено нуди рамка и водич за експертите од менталното здравје и општествените заедници како најдобро да го намалат ризикот за суицид. Во областа на превенција на суицидот се среќаваат многу листи на ризични фактори. Посебен нагласок ќе биде ставен на улогата на пасивните суицидални идеи како ризик фактори за суицид. Исто така, ќе продискутираме за потешкотиите при скрининг и психодијагностика, при проценка на ризик за суицид. Желбата за смрт генерално не се разгледува како предвесник на потешки суицидални однесувања и исто така рутински не се вклучува во истражувањата за суицид и интервјуата за проценка. Нашата цел е да направиме споредба за желбата за смрт и суицидалните идеи како клинички маркери за суицидални обиди.Пасивните суицидални идеи: Сѐ уште високо ризично сценарио? Преку психодијагностичка проценка на пасивните суицидални идеи можат да се откријат активните суицидални идеи. Претставени се резултати од истражувања од светот и наоди од проектот кој е поддржан од УГД насловен „Клинички релевантни ризик фактори за суицид: Компарација помеѓу клиничкa групa со пасивни суицидални идеи, со активни суицидални идеи и без суицидални идеи“. Можеме да резимираме дека концептуализацијата на патеката за обид за суицид како континум, почнувајќи од суицидални идеи пратени со план и на крај обид за суицид треба да претрпи ревизија, со цел вклучување на желбата за смрт и со нагласување дека не сите стадиуми кои се сретнуваат во литературата се секогаш евидентни пред обидот за суицид(Crosby et al., 1999; Kessler et al., 1999; LeMaster et al., 2004). Ќе продискутираме за третманот на депресивните болни и болни со суицидални идеи од аспект на современата и за прв пат во Р. Македонија презентирана Рационално-емотивна бихејвиорална терапија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 18 Jan 2018 09:35
Last Modified: 18 Jan 2018 09:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18946

Actions (login required)

View Item View Item